согласува несв.
согласување ср.

согласува (несв.)

Со еден збор, во турско време ние потврдувавме и се согласувавме со сѐ што ќе ни речеа Турците и Грците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ПОП ЈАНЧЕ: И ние донесовме решение да избегаш по Илија. Се согласуваш ли?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Му се радував, го слушав, се согласував да крадам по бавчите со него и не сонував дека е тој најарниот ученик од школата на злосторниците во овој врел прашен град исткаен како стара черга од тесни улици, од плашливи куќарки, од џамии и од два бронзени коњаника пред стариот камен мост, двајца црвеникави кралеви: Петар - татко, и Александар - син.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Ајдук е тој, безбожник, се согласуваа со воздивки или придушено прашуваа: - И никој друг не ти влегол в куќа?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Директорот ќе викне полиција. Не се согласувам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тоа е позната стара работа превркнам — препукнам прегач — особена унечка со телови прегос — денот после венчањето кога се пие блага ракија предотина — прежда преѕалувам — претерувам во нешто пресек —ѓутуре (спаилакот се зема ѓутуре без да се бројат снопјето) прид — пари за невестата без кои во Мариово не ја даваат родителите девојката прикрепник — мажот ми (мојот прикрепник) принова — новородено дете припрто — кусо време проведи ме (од кучката) — одбрани ме провирач — камен со дупка преку која се провираат болни и бездетни жени проводија — подарок во пари на невеста и мало дете пролетнина — пролетни посеви промрткам — не се согласувам, си пишманам проскомидија — дел од црквената литургија прочврча (сланината) — се испржи пцалт — црквен пеач пувка — врста печурка, габа која е мека и пувка кога ќе ја стегнеш со прстите пупулче — младо девојче, пупуљак пупурник — кржлаво дете, рахитично пурде — име на машко дете дури да го крстат пуст — ничии, без стопан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Навикна на него како на батка си Јована и не знаеше кој ѝ е подраг. Не еднаш застануваше на Стојановата страна кога не се согласуваа за нешто.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Секој час изгледа дека ќе станат сите од подиумот и отворено, онака дека без ракавици, без завивање, решително и непомирливо, ќе се спротивстават: извинете, ние протестираме, не се согласуваме да свири сам трубачот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Гледајќи ја оваа маса од расчувствувани лица, Арсо се прашаше самиот себеси, зошто овие сериозни лица - запотени, стеснети и опијанети од љубопитност, ги заборавиле своите секојдневни работи, многу важни за самите нив и се претвораат овде во наивни, пакосни или добродушни гледачи, зашто им е потребно тоа да се согласуваат со оние што обвинуваат и на таков начин да си ги прават душите тврдокорни, барајќи во себе презир, непопустливост и казна за оние што се млади и непокорни, но очигледно способни да ја платат највисоката цена за таа своја непокорност, за тоа свое несогласување и за мечтата за нешто што го нема, но треба да дојде, зашто без него нема смирување и среќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ја повторуваше таа заучена реченица: „Ние сме дојдени да не се согласуваме, ние сме создадени да го порекнуваме она што постои“.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Така решаваат Иван и Павле. Тој се согласува без отпор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ќе излеземе да прошетаме, си рече. Се согласуваш?
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Куќата е на еден кат, со задниот дел свртена кон селото, а со лицето кон езерото; кога ја градеше куќата, жена му го тераше да кренат уште еден кат, но тој не се согласуваше; ѝ велеше: „Куќата е како дрвото: за да се крене повисоко - треба да пушти подлабоки корење, а ние сме тенки во парица: не можеме ни надолу да одиме, ни нагоре“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А и јас не се согласувам, не можам без Ели.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Но како никој, ни копуците, како што беше Борис Енда, не се согласуваше да влезе во колектив, Пената, на една конференција организирана за влегување во колектив и против бога, фати облог со мажите дека тој, ако се согласат тие да влезат во колектив, и за да им докаже дека веруваат во глупости, сам, ноќе на полноќ, ќе отиде на Самовилец и оттаму, за доказ дека бил, ќе го донесе копаничето со кое луѓето црпеа вода од кладенецот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако се согласувате со планов, вели повторно исправајќи се во столчето, да ви кажам уште и тоа дека за начелник на општината го предвидуваме Костадина Дамчески, за учител Јосифа наш Акиноски, а за свештеник, за некое време и а да се полакомат Грчиштата, Хаџи Ташку, па да го потпишеме писмото и да си отидеме по дома.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И тој, откако часовникот мина во неговата рака, ја повлече изненадувачки внимателно, дури нежно, што воопшто не се согласуваше со неговото рамнодушно лице.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Другиот, човек на кого немал прилика да му погледне в очи и да го прими како пријател или да го заборави доколку не го намрази, веќе и не се држи за својот несреќен носач. Олабавен е и не се согласува.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Бреза и Борче, кој сега е во прво одделение, најмногу сакаат да го јават и тој се согласува без збор да оди на четири нозе низ собата, полека, како слон.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тоа ги израдува селаните, но за кратко време, бидејќи по неколку дена се дозна дека Англија и Италија не се согласуваат да се менува Одлуката и дека Албанија незадоволна што се одолговлечува спроведувањето на Одлуката, започнала да трупа војски на границата за да ја заземе со сила зоната.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Повеќе