сонување ср.

сонување (ср.)

Сал нив им ги отвора широко зениците топли од сонувања за дни недонесени, меѓу сите предели ги брише границите... Затоа поетите гледаат занесени.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Беше и едно заскитано крајче од мислата за тврдата удина, што можеше да му ја донесе оној самјак вчера, просто го имаше нејзиниот вкус, кога ќе се испече едно доста големо крваво парче, делнато од неа и посолено, веднаш на жарот, така што солта да потплуснува додека го печеш, но сега веќе немаше сили, а ни желба, за да продолжи да се губи во тие сонувања и глодања.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Велам: - Јас кога ќе си легнам, мислам дека никаде нема празно место за сонување.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
2. Точка збор, вулкан, булка - Во сонот и сонувањето, Во радоста и тагувањето, Јатка во матката, лулка Од небесно ветре лулеана, Песна уште незапеана, Дом и пристан, монистра Од ѓерданот, бемка на вратот.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Сега веќе ништо не знам да кажам повеќе за оваа метафора зашто ова е сонување, но кога ќе се разбудам, ќе морам на овој сон да се сетам и, ако се сетам, ќе успеам метафората да ја опишам од што ќе произлезат и објаснението и значењето.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Филмот е исто така и најкамелеонската уметност, способен да ја симулира стварноста со веризам и сугестивност слична по интензитет на онаа што ја доживуваме при сонувањето.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Како што видовме, истражувањата што можат да се наречат научни сѐ уште се вршат за целите на војната, но тие во суштина се еден вид сонување со отворени очи, а нивниот неуспех да дадат резултати е неважен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
(А ние во карирани униформи за сонување, легнуваме, легнуваме, легнуваме.)
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Не сакајќи да навлезам во толкувањето на вашиот сон кој се случува во Македонија и е можна сенка на актуелни настани, би сакал да ви го изнесам моето често сонување кое најчесто се случува преку границата во мојот роден град Поградец, на брегот на Охридското Езеро.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сонцето и онака пак ќе си изгрева на исток И пак ќе заоѓа на запад што не значи дека и на запад Нѐ грее сонцето додека туристите чекаат Да го уловат во своите камери залезот За кој однапред знаат дека е волшебен и незаборавен Пред зајдисонце на запад катаден луѓето стануваат имуни На романтични воздишки и нежности од каков било вид Воопшто на запад многу е распространето мислењето Дека љубовта и сите воздишки се обична измислица И дека живеачката во целост ја движат пазарните односи Затоа на запад има сѐ повеќе жени кои не знаат да се бакнуваат Ај што не знаат да се бакнуваат ама не знаат ни да готват А тоа веќе директно се одразува врз квалитетот на сонувањето Зашто во рестораните за брза храна не се крепи здраво сонување И понекогаш е поарно да си гладен и барем со време да си знаеш
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Што е за право ниту еден сонувач Нема да рече многу ми е гајле за иднината на сонувањето Не што нема да рече многу ми е гајле Ами ќе ја обнови и ќе ја поткрепи идејата За воведување светска сонувачка штафета Сега не мора таа да му се врачува на Врховниот сонувач Баш на 25 мај И не мора сосе штафетата да има и слет на стадионот на ЈНА Постарите сонувачи паметат и такви штафети и слетови Со кои некои неиспилени на несонувано тераат мајтап
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Што може тука да направи една обична коала Воспитана во духот на здраво сонување на долги патеки Освен да грицне малку еукалиптус Уште еднаш самата да се препраша
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
(Напоменуваме дека на повеќе места во спомнатите манифести тој инсистира сонувањето да биде ослободено од секаков вид следења, надгледувања или да не даде господ притисоци и тортури).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
2. Забрането веслање на суво Забрането суво во суводолица Забранет страв во пукотница Забранет пејзаж во поезија Забрането копање компири Забранет сомнеж во надежта Забранет вител во глуждот Забранет глужд во кабелот Забрането подгазување на газдарицата Забранет пикасо во кукуречани Забрането кукурикање во песочани Забранет одговор во дворот Забрането сонување на јавето Забрането јаве во несоница Забранета жед во жена Забранет страв во темница Забрането двоумење на делница Забранет црв во небесен корен Забрането гракање според “Неверморе!”
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Не знам дали заспав или не, но знам дека некое време преминав во сонување на нешто, помислив дека нешто ме здоболе и не знаев дали сонувам или навистина нешто ме боли.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Живот каков што сакаме, но само ако доволно долго спиеме и го имаме целото слободно време за сонување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не сакам сонување. Животот е важен.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
- Да не се сонувањата колку груб би бил животот - ... Ете, насон сме се виделе - сме си ги кажале маките...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)