соопштување (ср.)
Бидејќи јазикот не служи само за изразување на сопствените мисли, туку и, суштински, за нивно соопштување на друг, би можеле да се запрашаме како „првобитниот Египјанец“ ги пренесувал мислите на својот ближен “на која страна од двојниот поим секојпат мислел”?
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Дерида ја доведува под прашање која и да било дефиниција на преведувањето како пренесување, репродуцирање, претставување или соопштување на „значењето“ на оригиналот.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Во тој начин на соопштување, Гита Корец со својата непогрешлива интуиција го препозна никулецот на една состојба што се развиваше како дива билка, како брзорастечки бршлен што во неа предивикуваше силен и неконтролиран страв.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Не знам дали нашава млада популација слушнала дека јазикот, особено мајчиниот, треба да се знае, за да се чува чист и секогаш подготвен за соопштување и воспоставување дијалог со светот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Им служи подеднакво и на разумот и на чувствата, то ест претставува и соопштување и дијалог, разговор со самиот со себе, молитва, наредба и заклетва“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)