соселанец (м.)
Беа десетина души соселани и постојано се држеа еден за друг, а сега се договорија и заминаа; една ноќ едвај се пробија меѓу некаква притаена германска тенковска колона.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Неговите соселани, неговите соседи, луѓето од Задругата, кои што тој толку многу ги познаваше, што ниеднаш не можеше ни да помисли на нешто вакво.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Го стори тоа исто онака, како што го правеа сите други соселани, просто да помине редот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Еден негов соселанец од Леринското село Турје на лош грчки јазик постојано вели: О, сироти шест деца...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Но Ордан Бришкоски, кој бил пријател со Акиноските во Прилеп, откако го нагостил убаво, го врзал, насобрал свои соселани, и преку рид, околу мала ужина, го дотераа на срецело.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Меѓу нив, повремено влегуваа мајка ми или баба ми да сварат ракија и да го подготват појадокот што го јадеа пред заминување дедо Геро и двајцата соселани, додека уште не беше разденето.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Во Солун, пред отворањето на Солунскиот фронт, се запозна со неколку свои соселани мобилисани во српската војска.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Кога се свртев, го здогледав девојчето како плаче, а кога го прашав зошто плаче, тоа ми рече дека од тоа брашно така не се месело, нивните соселани поинаку го меселе.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
А излезе дека тој пак пошол за да се искачи на некој замислен врв од Маказар над своите поранешни соселани и од високо да гледа на светот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
За негова среќа, еве ти еден негов соселанец се враќа в село.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Петре го беше сретнал (едно заскитано пладне) Ивана, соселанец, редок повратник од Нов Зеланд.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Дедото Петко го колни со најлоши клетви и тоа не само кај нас во Банчината, туку и кај другите соселани во Фестивална, и понатаму, преку Ѓорче Петров сѐ до Сарај.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
- Кај си бе Трпе, се ожени и си еба мајката - му довика неговиот другар Климе, кој со останатите соселани кркаа контаминирана салама и пиеја пиво пред селската кооперација.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Трпе мавна две пива од нога колку да не речат соселаните дека се праи градски курназ и замина од селото.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Еден наш соселанец од Дренош, добар човек, се обиде да нѐ извлече од обрачот и со коњска кола да нѐ префрли до Зеница.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Застана пред бункерот и го слушна зарипнатиот глас на својот соселанец - Павле.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)