сочува св.

сочува (св.)

Но притоа бараме и ќе бараме од Неговото правителство цел ред реформи, кои ќе ни ги сочуваат најглавните интереси на нашето национално и културно развивање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И готвените јадења подолго ќе можат да се сочуваат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се мачеа да ја сочуваат ноќта, а потоа тој ги слушаше само нивните гласови, празни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше на едно високо скеле, сега веќе ѕидар, а некаде во него, вкоренувана низ сите оние изминати години, долги, од неговото детство, почна да ги подава своите отровни повитки, една ужасна бездна, да се отвора и да се длаби пред неговиот поглед и да не му дава мира да се размавне и да работи, како што знаеше тој, како што работеа сите други мајстори, и во сонот опоменувајќи со длабочината на провалијата под него, ниеднаш не позволувајќи му да подзаборави, да си ја сочува онаа свикнатост со не.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Одминуваа крај тоа, носејќи го дома само голиот живот и, ако беше возможно, гледаа да ја сочуваат само уште својата пушка, воено време, не знаеш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Откако се беа доселиле во новиот стан, мајка ѝ на Зорица ги стави тие пердиња за да ги сочува новите тенки завеси од Сонцето, како и каучите и ќилимот. Сонцето да не ги обели.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Ова се – трагите! Прашинка ако се сочува Изгребана од стапалките на оној што отиде - Ќе се врати! Некогаш ќе се врати...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Римата е нешто како звуковна потпора која да ја сочува сета структура на песната, вклучувајќи ја и сликата во неа.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Убавиот сонче ден, разбирливо, создава и расположение за прошетка низ овој стар холандски град, можеби, единствен, што успеал целосно да ја сочува својата стара архитектура...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Помини низ магливите студени предели на сенката и сочувај ја својата скапоцена топлина.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Сите знаеја дека таа им е наменета на Турците: христијаните, за да ги сочуваат од грабнување, на женските деца им ги огрубувале лицата, на машките им извртуваат нога или рака, и такви, огрубени, ги чуваа покрај себе и ги имаа на душа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сите тие сакале да го сочуваат стеблото мало, не повисоко од една педа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сѐ повеќе се тетеравел со отворена уста и без здив (со секоја воздишка ножот самиот од себе подлабоко се забуцувал в месо) и со цели стапалки, тврдо, несмасно, удирал по земјата, врз која, божем таа се ниша под него, со повремени ширења на рацете се обидувал да сочува рамнотежа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Драга и мила Царо, ... Икончето од свети Наум што ми го даде кога заминав, го носам на гуша... Досега ме сочува...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Еден шепотел дека сиромавиот премногу знаел за животот, него го учел од свети книги некој калуѓер, друг рекол дека ќе му ја земе на покојникот амајлијата од под гуша - земја од три рида в крпче, таа земја чува од болештини, трет со горчлив подбив прашал дали амајлијата го сочува старецот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Истражувале како да се сочуваат, да останат толку колку што останале живи и пак, без караници, умно наслушнувајќи се еден со друг, се поделиле: едните мислеле дека е побезопасно да се патува дење, другите верувале дека ноќе не ќе сретнат никого дури ни на царски друм.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Во војната е важно животот да се сочува, а потоа сѐ се надоместува... - рече игуменот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Само црквата господ ја сочувал: силниот ветер што дувал го свртел на друга страна.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Пред алчните грла на амбициозните мајки, пред рамнодушноста на оние кои беа избранички на нашите наивни срца, како да се сочува барем отисок на сонот од трескавичните, блудни ноќи?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Јас сум таа, заедно со татко ти, која упорно го поткрепуваше твоето убедување дека човекот мора да си го сочува својот интегритет, да биде способен да ја забрани слободата од детските дни, и надворешните присилби да ги направи што е можно побезопасни.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Повеќе