сошие (св.)
Кога слушна дедот Петко дека од една лира нагоре што ќе земат ќе ги делат, го зајаде левата рака, и си помисли: „Аха! Ќе ве сошиа јас вечер обата, и тебе и Ила", и влегоа во Младеновата крчма.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Долго се мачеше да го крене и да го качи на себе. Ранетиот како да беше сошиен за смрзнатата земја.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Кројачите одбиваат да ми сошијат војничка блуза без еполети и закопчана до грло, од школските географски карти го избришаа моето родно место, ја довлекоа мајка ми во некој Реонски комитет и ја натераа јавно, на митинг, да се откаже од мене.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
- А од нејзиното руно сошивме многу убав кожув.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
До година, здравје, мораш друго да си сошиеш.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Дури кога ги подмири поважните работи, реши да си сошие и едно летно палто.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Труп сошиен со гнили конци и околу него кружат потковани скорни и проблеснуваат бајонети.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
После внимателно го соши распараното место и му ја врати капата.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Со ноже го распараа конецот од самарчето, го ставија внатре писмото, набрзина го сошија, и, како ништо да не било, се вратија назад и седнаа на буката.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Дури другите си лежеа и почиваа, Планински го скри писмото во самарчето од коњчето и пак го соши.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
На капите што вчера ни ги дадоа им сошивме црвени петокраки и ги дотеравме да не ни висат над тилот и ушите.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Јас смислував сешто. Да ја врзам сенката за Карамба-Барамба, дури и да ја сошијам со игла и конец за неговите петици.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Тале одговори на писмото, го кладе и го соши во Самарчето и Трајче се врати назад.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Буба Мара си соши нов фустан. Ежот се пресели во нов стан.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
— Шпиуни меѓу нас нема, а страшливците ќе си ги сошијат устите, — се провикна Шаќир и му се опули на Јована в очи, познавајќи го како колеблив и плашлив.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Си соши нови алишта.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Откако му ги соши алиштата терзијата, татко вистина си умре.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Татко беше порачал терзија дома за да му сошие нови бечви и нов џамадан со гајтани опточени. За оној век алишта.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- А потоа, другар? - Што потоа ? Така освежени, секој ќе облече костум сошиен по негова мерка, чевли лукс, на врат вратоврска или пеперутка и на прошетка по Атина или во кафеана на кафе, чашка “Метакса” или “Узо додекато варели”.13
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Но зашто беше невешт со иглата и со конецот, или се правеше невешт, Василица, за да го мазне што побрзо од дома, сама му ја соши петлицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)