спасение (ср.)
И им ги затна устите на волците, на тријазичните еретици, пророчки укажувајќи на тревливиот јазик и упатувајќи ги сите со писмо кон спасение.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“
од Климент Охридски
(1754)
Потоа човекољубецот Бог, којшто го стори и не го остави човечкиот род без разум, туку сите луѓе ги доведува до разум и спасение, се смили на човековиот род, па им го испрати Св. Константина Филозоф, наречен Кирил, праведен и вистинољубив маж, кој им приготви 38 букви, едно по образ на грчката азбука, а други според словенскиот јазик.
„За буквите“
од Црноризец Храбар
(1754)
Комитетот може да се пофали и со поумерени раководители, но и тие мислеа оти спасението на Македонија е само во духовното обединување, па и господствување на Бугарите во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во Бирмингем ворстерскиот владика направи во црквата молебен за спасението на македонските христијани.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ете, селото брго ќе оставе без бареден поп, та ако он биде добер, шо веруам оти ќе биде, и другите две маала не ќе има потреба да бараат други свешченици, кога ќе видат оти им врши работа и се грижи за спасение на вашите души, — заврши дедот поп Димитрија и си ја забриша потта од набрчканото чело.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Навистина, отворено не можеше да се откаже од Анѓа, бидејќи даде збор, а и мајка му така му рече, но белким ќе дојде однекаде некое спасение?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ајде кажувај, има ли негде спасение? — одговори Андон и длабоко издивна и застенка.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Осумдесет и седум гроша. — Јас би ти дал и сто и осумдесет и седум да се откупиш, ама тоа не е спасение од ниј.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Патот за спасение е тежок вели, оти тој пат е еден, и најважно од сѐ е дека тој пат постои.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Покај сѐ и тоа ќе ти помогне да се вратиш од мракот кон светлината, од немирот, кон мирот во душата; од сатаната кон бога, кон спасение; нема човек безгрешен, па дури и еден ден да живеел на земјата, зашто потекнуваме од грешните Адам и Ева, како што вели Јов, но ако се покае, господ му простува.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Колку чудесна идеја да се бара спасението во невиноста на козите и нивниот принц Чанга.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Промоциската критика никогаш не ги доведува во прашање сопствените претпоставки - никогаш не го поставува прашањето зошто ја сакаме уметноста во која ќе веруваме, кое е ветувањето или „спасението“ својствено за тоа верување...
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Водачот во својот говор од 6 февруари 1967 година, станувајќи жестоко против религијата и назадните обичаи, го означи вистинското Спасение на земјата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
На дар ми ја даде еден лепрозен од Кападокија, кој беше тргнал во моите краишта спасение да бара, а јас го исцелив од пликовите грозни по телото негово.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но тој сите тие удари ги примаше со некоја селска рамнодушност, со селска упорност: беше жив пример дека селаните имаат посилен организам од сите други, дека имаат подобри нерви, дека во крајна рака, имаат и подобра интелигенција, дека кога им говориш нешто, низ едното уво им влегува, а низ другото им излегува, и дека нивната филозофија трпение- спасение, редовно дава плодови.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
До почетокот на времето, Словото беше во Бога; во почетокот на времето Словото го создаде светот, среде времето, Словото се оваплоти заради спасението ваше, а на крајот од времето – оваплотеното слово, Богочовекот Исус Христос ќе ви суди за делата и неделата ваши и ќе остане, како и до создавањето на светот – вечност.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Видувајќи го човеков на сон како жив пред себе, та гледајќи ја потребата негова по верба, сеќавајќи ја духовната глад негова по спасението што на душите човечки им го носи Радосната Вест, дека Он воскресна та нѐ избави од злото, се упативме кај вас, браќа мои, во вашата Македонија“.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Потем, во тој наш смртен живот сега, кога осознаваме, спасението нѐ ослободува од ропството на гревот, за во иднина да бидеме избавени од Божјиот грев со нови воскреснати тела.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Оџата кој раководеше со молитвите, тогаш ги подреди луѓето во три реда пред телото на умрениот, за да се молат за неговото спасение.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
2. Чудно нешто се случуваше со ибн Бајко. Откако во Нерези, на очиглед на сите светци што се грижеа за неговото спасение, им пријде на седнатите турски големци, главата како да му зовре од многу мисли и планови.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)