спасителка (ж.)
И, ајде — пак назад. Но, овој пат, заедно со моите спасителки.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога ја купивме третата, таа беше убавица и за да не ја фати урок спасителката Сталинка, ја завикавме Грда.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Зад секое наше дете стои една коза. Спасениот со спасителката.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Козите, како и за многу други мајки, во тие времиња беа сметани не само за спасителки на луѓето туку и за вистински светици.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Откако се премости критичното време со козите, спасителките на нашите животи, со златникот на дедо, во кој беше собрано сето наследство кое ни беше земено, а според Мајка, вратено од добриот Бог, па се спасија нашите животи од гладувањето, со Мајкиното жртвување да работи како касиерка во киното „Балкан” – требаше да настапат посреќни времиња.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ја гледав поразена. Таа, нашата спасителка, излезена од толку траншеја од далечните и од блиските војни, од сиромаштијата, како да беше пред некаков амбис.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Иако надежда последна умриа во човека, јас ке ја подрзам жива во мене, таа спасителка- надеж мора да остане жива во мене...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
„Гледај, те молам“, му се насмеа в лице, „ако си ти личноста која од толкавата зацапаност може и да се разболи, и ако цениш дека токму јас сум спасителката што може да те исцели, речи го тоа директно, а не во трето лице!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)