споделување (ср.)
Терапевтот го користи јазикот да ги поттикне физичките состојби кои се јавуваат во ситуација на споделување на чувствата, доверба, слушање, заинтересираност.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Таквото споделување на чувства може да се јави само врз основа на јасно разлачување меѓу овде/јас и таму/не-јас. okno.mk | Margina #22 [1995] 57
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Рекламирање, изнајмување, споделување на сопствената мозочна моќ со другите.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ја погледна последната реченица на екранот, онаа што ја напиша пред да почне да размислува за него: „Мирниот соживот на Македонците и Албанците ќе зависи од тоа дали двете страни ќе зборуваат помалку за поделба на земјата, а повеќе за споделување на одговорностите.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во ваква позиција се наоѓав во животот уште пред двајца мои добронамерни читатели со кои градев некаков пакт на споделување на читателската судбина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Споделувањето на неговата тајна би можело да му го олесни страдањето, но како би можело тоа да ѝ помогне на Рози?
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Нивната желба за споделување на таа грижата не е знак дека некоја мајка помалку си го сака детето, туку дека на жената ѝ треба малку време и за себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ама, знајш, Атинче, не е сѐ само во работата. Пријателите, комуникацијата, споделувањето на радостите, тагите, размислувањата, ставовите со моите сожители многу ми значи. Ми е важно.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Со други зборови, предмет што прави преглед и испитување на материјалите врз кои геј- мажите (и поединечно и во групи) изградиле заедничка култура или заеднички култури, исто така ќе биде и предмет што ќе ги иницира студентите, и оние стрејт и оние геј, во културната практика на машката хомосексуалност, до оној степен до кој таа практика се состои токму од споделувањето и испитувањето на таквите материјали.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)