срамнува (несв.)
Се редат муабети за Доста, се срамнува со другите невести и моми, се пуштаа по некој и друг комплименти, некои пристојни, други пресолени, како од Мариовци.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тој се срамнуваше со скршено од првиот истрел оружје, оставено засекогаш неупотребливо и мртво.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Додека прислужникот на училиштето влегуваше и излегуваше да донесе кафе и ракија за честење, Комисијата ја објасни целта на своето доаѓање; кажа дека треба да изврши проверка на местата од овој пограничен реон: да се одбележат синорите, да се изврши маркирање на теренот срамнувајќи го со картата во која е уцртана границата, односно да се изврши разграничувањето меѓу двете држави.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
III Комисијата неколку дена ги обиколуваше терените околу селото, се качуваше по бреговите и планините, срамнуваше со картата, маркираше.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)