стрела (ж.)
И носеше турли турли халати на мучение: сабли, стрели, маздраци, брадви, коси, српови, ражни, пили, секири, тесли, брадви и вадици и другии сечива што ги никој не знае.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
И место тебе, стрела албанска пречекувајќи, ко заштитник да паднев твој.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
И веќе спремаше нова стрела.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Бргу, како стрели се провреа низ коридорите натискани со патници, од еден вагон во друг.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Бргу, како стрели се провреа низ коридорите...
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Те пробила ли отровна стрела на црнечко канибалско племе? го прашуваше. Кажи, те пробило ли? Илјада стрели, ѝ рече.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Од каде о каде доаѓаш позната незаборавна песно ти дете безнадежно ти наивно стрело од тревите и птицо на калта сува и бескрајна врвицо низ дождот врвицо сребрена игрива камењарко каде ме водиш
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Наместо одговор, Анѓа ги тресна од земја ибрикот и кошницата и како стрела се изгуби од вратата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Коњот пак исцвили. Ја затресе бујната грива, се исправи на задните нозе и како стрела летна со војводата кон Мечкин Камен...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Кога изоде доста пат низ таа шума од огромни дрвја, што мируваа над него, целите бели и забиени со своите стебла во снежната земја и кога беше сигурен дека тука, пред него, во следната долка, се наоѓа најголемата млака, а дирата сето време досега, како стрела право го водеше кон таму, тој знаеше дека сега ќе мора да ја напушти широката патека, по која беше толку лесно да се чекори.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Брзо се досети, го фрли каменот и како стрела се спушти да трча по стрништата кон Караорман...
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Соба преку црн праг мине, а зад неа модра пчела со топ стара мечка стрела, па мечката в река плива, но ја демне риба дива и ја лапа.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Потајно улам на тебе, на твојата скришна насмевка, на твоите усни во кои заоѓа сонцето, улам на строгоста на твојот збор, на твојот рапав глас, улам на твојот поглед насочен како стрела кон сонцето.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Стрелите на „Амор“ овде можат да се купат за секакви пари.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ја завлече раката по кошула, од левата страна, вртејќи со очите како во нем филм, оттаму извлече лак и стрела и ми намигна.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Засрамен ловец биди, што здивот нејзин го сети, низ лакот што трепери и стрелата што чека.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
- Проклет да си, црна богињо, срам да ти биде, слабото, несилно врапченце што си го зела на нишан, што твоите смртоносни стрели, отровни, титански си ги пуштила во малечките, слаби гради.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Го побара на својот колан ножот со кадифена дршка но не стана да го издупчи платното од кое стрелаа очите.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И така нашиот зејгора пак сам и без братска помош на поранешните свои познајници, со стремеж зацапал по мочуриштата, да фаќа со примки и стрели чапји, жерави, шлуки и галепчиња, и в поле или в планина -дропки, пчеларки, пупунци, сојки, ветрушки.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Кратките стрели можат да се следат со око.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)