стрејт (м.)
Ниту една финта не беше поголем комплимент за случајниот мувач отколку да му кажеш: „Слушај, кога те видов вечерва како влегуваш во баров, си реков ’Грешка е, гарант. Овој да не не знае дека местово е геј-бар? Нема шанса да е геј. Намерно е тука? Не ми се верува дека не е стрејт’“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Каква слика, какво сфаќање за машкото хомосексуално чувство и восприемање одразуваат ваквите гледишта?
Еве ви, на пример, некојси зафркант (стрејт или геј, небитно); вака му вели на некој геј- маж: „Не си ми ти баш многу геј, знаеш?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А ако машките геј- возачи пројавиле склоност кон фолксваген голф и кон форд проуб, како што се тврди, тоа е така затоа што – како што тоа еднаш го срочи еден мој особено надарен стрејт- студент, упатувајќи на една од оние популарни формулации во кои сексуалните и родовите норми на нашата култура си добиле најјадровит и најрезок, иако одбивен, израз – тоа е така затоа што, вели, тие автомобили се „коли за пички“.330*
Па, тогаш, што има да се прави таква мистерија од логиката на машката геј- култура?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)