стрина ж.

стрина (ж.)

А мори, стрино, не е ѓаволот толку црн колку што го прикажуваат.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
АНЃЕЛЕ: Да си жива и здрава, стрино. Вам Димче да ви дојде со здравје.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
На третата вечер ќе идат наречниците да и одредат на „дуда" пат по кој ќе врви во својот живот. Пак стрина Маловица дојде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стрина Маловица го завршува наречувањето: — Слушајте, слушајте, татко и мајка и сете роднини.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А кога ѝ рече на Нешка — „Ајде, ајде и ти барај ерген" — таа не ѝ остана должна, ами ѝ врати со истата мера и подбишега: — Е, чекај, стрино, да а видиме Ѓуца твоа, па после ние.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се распиштеа и децата, а стрина му Кулевица ѝ притрча во помош: — Чуј, слепелнику ослепел, шо ќе направиш, мајка ти ќе си а удавиш!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ми се откинува од рака, вели Уља и само ми кршка од патов. - Си берев цвеќиња, стрино Велико, вели Горица и пак почнува да плаче.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А кога се дозна за погубувањето на Арслан бега и дружината во Чепиговски Мртвици, стрина Спасија рече Ете, можевме да се стрпиме уште малку и се штукна од умот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Божем на стрина Николица нивна ѝ се сонил еден сон дека на Градишка Вода, чекор десно од кладенецот, има закопано златници.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Жива е, рекол Ристе. Таа ми е стрина, мажена е за стринка Анѓела.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Стрина ти ако уште некој ден не каснеше кртули, сигурно ќе ме оставеше.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Потоа дошле и стрина му и чичко му и другата тетка и татко му и сите биле многу радосни.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Последното само три месеци, го одби од цицка, на голема доверба го остави на чичко ми и стрина ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тој рече дека имал некоја стрина по име Цвета; дека била фризерка и дека имала дуќан во центарот на градот; дека како дете редовно наминувал кај неа во дуќанот, а таа по работата, откако ќе го затворела дуќанот, го водела дома и му мачкала едно парче леб со жолт путер; таква жолта боја никогаш веќе во животот немал видено, ниту пак некогаш повторно во животот сетил таков мирис.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во тоа време дојде една добра пријателка на мајка ми и нејзина подалечна роднина, па таа ја разбуди стрина ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога дошле, ми кажувше подоцна стрина ми целата возбудена: Почнаа по собите да те бараат, а стрина ми божем не ги разбрала за што се дојдени, им рекла: Повелете нам ни е денес слава, чекаме гости.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
За стриковците и стрините, за вујковците и вујните не знаеше многу, освен дека едните се од едниот, а другите од другиот сој.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Му станале старатели, чичко и стрина, мајка и татко.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)