стрмнина (ж.)
3. Два брега - двата стрмнини.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
И стискајќи ја под мишка топлата погача, почна да се качува по стрмнината.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
ЛУКОВ: (Упаѓа за да го спречи лизгањето на разговорот по стрмнината која не му е пријатна.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Ниеднаш не го испушти од погледот она клопче, што се лизгаше и ги добиваше сите свои четири нозе и својата умрцната главичка во приближувањето, и тежината, што го влечеше надолу по стрмнината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Од едната и од другата страна се издигаа голи и високи стрмнини.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Од карпа на карпа, од дрмка до дрмка, полека ја совладуваа стрмнината.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Стрмнината преку Гола Глава Бојан, речиси, ја искачи без капка пот на челото, без каков и да е знак на замор.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Би морале да успеат, разбираш! - А ние мораме ли? - Јас морам, а ти чекај ме долу! - рече Бојан и зачекори по стрмнината.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
По ридот удолу по стрмнини по долои по воденици штурецот да ни се чуди.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Таа стрмнина некаде беше обрастена со грмушки, а некаде имаше по некој стар даб.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Не малку пати, кога минуваше со козите крај ридот на Калето, козите бргу како по некој оживеан инстинкт што им го должеле сигурно на своите далечни диви козји предци неприкосновени господари на стрмните балкански планини се искачуваа по карпестите засенчени стрмнини на ридот до кои не можеше да стапи човечка нога...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Јагулата, сирена на студените мориња што го напушта Балтикот за да им се придружи на нашите мориња, на нашите утоки, на реките низ кои се движи, узводно, в длабини, и пресрет на дивини, од ракав до ракав речен, сѐ поневидлива постојано сѐ подлабоко, сѐ повеќе во срцето на каменот, провлекувајќи се низ бразди од тиње до денот кога светлината ќе блесне од костените и ќе ја запали молњата во барите на мртвите води по удолните длабини на апенинските стрмнини кон Ромања; јагулата, факел, бич, стрела на Амор кон земјата кајшто сал нашите бразди и суводолици на Пиринеите водат до рајот на оплодувањето; зелена душа што бара живот таму каде што е сал апеж од жега и тага искра што вели сѐ почнува кога изгрева стебло исушено и јагленосано; божилак миговен, двоглед внесен меѓу твоите клепки и блескаш неизвалкана меѓу синовите на човекот, потонати во твојата кал: зар можеш ли ти да не ја сметаш за сестра?
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ја накачија стрмнината и кога излегоа до првиот видиковец - над нив блесна чисто небо - а под нив стежната сива магла.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Потоа го влечам надолу по благата стрмнина кон куќите.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
До црквата ти е една стрмнина, да ти се стемни. На некои места одвај да собере трактор. Гробиштата не само што се далеку, туку се и високо.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
А и друго: Симон знаеше дека само јас со тракторот можам да возам од браната до Долнец по патот направен од багерите што работеа на браната, откако стариот пат го покри езерото, и дека само јас можам да се искачам по онаа стрмнина до гробиштата на Долнец.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Допушти му на несреќникот да ги рашетува нив По лудите стрмнини зарастени в троскот.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Сртовите да не нѐ изневерат
оти предолго пешачиме по нив
не за да им ја ублажиме стрмнината
но очите за да си ги тревожиме
со штотуку окутрени глетки
оние кои не го испуштаат првиот плач
на човек кој ќе блуди
оттогаш па натаму!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
На излезот од градот, на стрмнината над патот, градилиште.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Пред влезот во селото, лево од патот забележавме парче штица закована на дабово стебло и натпис: “Σπηλια Ζαχιαριαδης”.5 До пештерата пругоре по стрмнината води тесна патека и пред влезот во широкото плато распослано под сенките на нискостеблестите дабови, свртува лево.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)