сугестивен прид.

сугестивен (прид.)

- Гласот и гестовите на човекот беа господаречки и сугестивни и прислужникот, гледајќи го вџашено назадечки исчезнуваше во мракот на ходникот. - Мрзливко! - човекот седна до Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Поетскиот јазик оптимално ја презентира сугестивната хипостаза, научниот – хипостазата на поими.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Мил му кажа какви експерименти врши со Богуле во ваквата остојба и до какви сознанија дошол, но докторот му рече: - На луѓето во ваквата состојба мозокот им е многу активен, луцидни се, но и многу сугестивни.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тоа е една сугестивна музика што делува непосредно на потсвеста, иако не се слуша.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Другата доминантна тема–идеја во романот, која произлегува од претходната, е, всушност, самиот феномен на козите што се наложува и од еден антрополошки аспект при што авторот, натаму, низ својата сугестивна моќ, а никогаш експлицитно, и соочува со релацијата на човечките законитости кон светот на реалниот живот, што значи дека без кози, ќе нема млеко, ќе има недостиг на храна, ќе настапи глад итн.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ме обвинува дека јас сум причината за болеста... Сугестивен е...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Спотот беше направен толку сугестивно што поголемиот дел од гледачите мошне се заинтересирале дали нарачката ќе се направи или не.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Да твори извесни симболички предаватели до онастраното, непознатото, идеалното, да даде илустрација и сугестивност на прикаските за спасот и излезот што мудреците од сите провиниенции ги креираат орално и бихејвиористички, или ако повеќе сакате - ан пасан?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Филмот е исто така и најкамелеонската уметност, способен да ја симулира стварноста со веризам и сугестивност слична по интензитет на онаа што ја доживуваме при сонувањето.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
XIX Единствената добра страна на мојот насилен престој во Атеистичкиот музеј, храм на антиверувањето, беше неговата дијаболична сугестивност да го забрзува во моја­та свест и потсвест, поврзувањето на мојот поранешен живот со сегашниот, да враќа во мене заборавени, речиси архетипски семејни пораки.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Преку претставниците на озлогласениот режим, во секој миг, кога албанските собеседници се обидуваат да го понижат (или да го придобијат) во сугестивното присуство на нивните ликови, тој ќе открива извори на моќ да се противставува.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Знам, знам! Позната ми е таа стара многу сугестивна улога на поткашлувањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А веднаш потоа онаа сугестивна, можеби и корисна но многу неодредена или недосеглива заповед: „Големината на човекот се мери според неговата способност да му го покажува патот на времето“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)