судник (м.)
„Молкни. Не си судник на небидници и негодници.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Биди мојот судник и џелат, стоечки ќе ја прифатам секоја твоја казна.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Посака животот да го заврши во покајание далеку од светот и самата да си биде судник.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И повторно, сите како судници, не чекајќи одбрана, своите погледи ги вперија кон Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)