судри (св.)
А јас стасав ноќе. Ја отворив надворешната врата и се судрив со густа темница, зашто оттука престана да ме следи полната месечина.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Два најниски акорда на темната клавијатура на облаците се судрија Два погледа под искрите нивни се зачудија Четири бели раце низ темнината на дождот вознемирен се побараа Се доближија се најдоа со болката со смеата со занесеноста стара...
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
А утрото, кога ластовицата повторно отиде да си го бара својот стан, се судри со една плаката што преку ноќта беше ставена пред вратата: „ЗА БЕЗРАБОТНИ ПРИСТАП ЗАБРАНЕТ“
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Но се ловеше дека со потајна подмолност мисли на Јана и скоро се судри со својот брат.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Толку беше разволнувана, да не виде како се судрија со тешкиот камион.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
На месечината понекогаш ќе светнеше стаклесто црно само по некој поглед, како поглед од истечено око, ќе проблеснеше само по некој отскриен заб, но сега сето се престори во некакво чудно сновење околу неговата пилана, едно такво забрзано одминување, при кое секој од нив, со една чудна фанатичност во таа проклета осамена недоверчивост во оние сиви, изребрени тела, како да мораше да мине на секое место, така што неколку пати се случуваше да се судрат по два, а притоа само остро ќе прикрцкаа нивните очници.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сега можеше да биде чуено и она нивно тивко, цвичливо скимтење, кое секој од нив го продолжуваше како некое само свое тивко мрморење, тоа се престоруваше во ужасно заканувачко 'ржнување само кога две од тие остри вретенести прилики ќе се судреа очи в очи, или кога ќе се разминеа само за еден мигновен чекор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Погледнав по неа. За малку што не се судрија со Вера која влегуваше.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Со Солун како да се судриле Ориентот и Западот, па овој белег е присутен на секој чекор, преку бројните ахчилници, ориенталските слатки, а најмногу во старата чаршија, на дното од прочуената европска солунска улица „Цимиски“, каде што уште во еден агол сѐ стои така, како што било уште во „турско“ - стари дуќани и магазини со ќепенци.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На моменти тие се собираат толку многу што ти се чини дека ќе се судрат, дека по овој воден пат се влечат многу повеќе бродови отколку автомобили по нашите патишта.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Но на отворената врата се судрив со домаќинката, со нејзината подгрбавеност или набожна покорност од која и манастирскиот камен се стоплува. Ми рече нешто.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Едно пролетно утро, искачени на Калето, по обичај, погледите првин ни се упатија кон плоштадот и сега се судрија со една необично подвижна белина што наполно го исполнуваше просторот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Само, кој како се судрил со соспата снег, се кутнал и потонал во длабок сон.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Идевме во светот на овие книги и на нивниот господар на несетно топење и исчезнување на нашите илузии и вознеси, со кои во спротивно ќе застраневме и ќе се судревме со балканската калдрма.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Неговиот ум се колебаше кусо околу несигурниот датум на страницата, а тогаш се судри со новоговорниот збор „ двосмисла“.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тој се сврте, мрморејќи си нешто во брадата, и се судри со Винстон.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Токму така: во тој миг, додека траеше доскокот, таа неочекувано ме прегрна околу вратот и одеднаш, дури, ни се допреа образите; веќе следниот миг таа ја сврте главата кон мене и погледите ни се судрија; се гледавме, нејзиното лице беше на една педа од моето; ѝ ги гледав носниците како ѝ се шират забрзано, како кај уморно коњче: и го чувствував здивот; таа гледаше во мене како да е понижена, како повторно да сака да каже: „Доби шанса, нели?“, како да е поразена, како од бес и самата да прави една безвредна блискост (тоа гушнување со рацете околу мојот врат), како да сака да каже дека блискоста ја дава таа, а не јас; дишеше забрзано, со јазикот ја квасеше долната, сува усна и одеднаш ми рече: „Слегов, можеш да ме пуштиш“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Почнала борба со Турчинот. Првпат семејството Поцо се судрило со еден Турчин.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И така, сонот на моето среќно враќање во родната земја се судри со морничавоста на идеологијата која не престануваше да ги меле човечките души и животи и се закануваше да достигне до синдром на невидено жртвување.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се судрија во тесниот влез.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)