супа ж.

супа (ж.)

Стрина Маловица се понамршти и кога виде манџи со расол, со јајца, па кога Доста ѝ рече оти и лимун ќе ѝ нацеди на супата, просто го искриви вратот на страна и се насмеа „подмустаќ“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Добро е, - се насмевна сега бабата, - нашиот Зоки веќе знае што е жешка супа.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тато, правејќи се дека не го забележал, рече: - Ах, оваа супа денеска е многу жешка! - Не е, - рече Зоки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- А од што е таа слатка супа? – се кикотат децата. - Од коски... од коски од мраз!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„Арго“ супи и конзерви На излезот од кампот наидовме на селска куќа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во стари италијански порции ни тураа жешка супа - понекое зрно ориз и многу зеленило.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во шест часот мајка му донесе супа. Не ја ни допре.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Супата веднаш ќе биде готова“. Таа го стисна црвеното копче на кујнскиот пулт и десетина секунди подоцна нешто тапо лупна на гумениот приемник. 53
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Минк ѝ се нафли на супата. „Побавно јади!“ рече мајка ѝ.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ворхол (2) Картер Ратклиф Увод Конзервите од супи на Енди Ворхол, хамбургерите на Клас Оленбург, стриповите на Рој Линхтенштајн и пародичните рекламни плакати на Џејмс Розенквист - овие поп-арт слики направија скок и од наглата експанзија на празната американска консументска култура влегоа директно во областа на високата естетика.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Скрши го и како јајце истури го во супа. Повкусна и потопла ќе е.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
За евентуалниот недостаток на „вкоренетост овде“ (што можеби ќе го почувствувате), рутински ви се правдаме: нашиот дом под ѕвездите се маргините, т.е. ригите на костимот за капење (што фураат накај хаос, накај непредвидлива сложеност!) на давеникот во примордијалната супа, во млечната каша надробена со ѕвездички од тесто итн - апстрактноста е нашиот дом, така ли, за разлика од концептите за дом на господинот Контра Банда(ш), на пример.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ајде, однеси ја таа проклета супа во неговата соба и насмевни му се барем еднаш!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа што го јадеа беше некаква тенка јанија, поточно супа од зеленчук.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се сеќаваше на една ќелија со кревет од штици, еден вид полица што излегуваше од ѕидот, и на еден метален мијалник и на оброците од топла супа и леб, понекогаш и кафе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ручекот кај Кнутс почна со риба на лепче, patè од канабис на лепче, супа од печурки, месо, компир, зелка... (Сољанката дури утре ќе ја дополни дупката.)
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Пилето го вадеше од супата со изматените јајца, потоа парчињата месо или, во друга варијанта, исечканото месо, го редеше врз поголемата кора во тепсијата, а врз неа, со сукалото, ги положуваше горните кори.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А таа си живееше со малку, со сѐ помалку. Ќе си надробеше попара со млеко или со јогурт, ќе си направаше некаква непозната супа со секакви тревки кои ги купуваше од селанките на пазарот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
По последниот разговор, во собата одново завладеа непријатната тишина, но овојпат морав некако да ја нарушам поради тоа што ако ништо друго, ќе одекнеше уште посилно бунењето на моите црева, па се поднасмеав и истакнав дека навистина тетка Олга е најчистата жена што ја познавам и дека заслужува сигурно и оваа година да победи, а и дека оваа супа што ја гледам пред мене е веројатно највкусната супа на светот и свечено ја наполнив лажицата, ставајќи огромно парче бело месо во устата потопено во ориз и во солена вода.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога ќе му направев ваква супа, по три чинии одеднаш голташе... - на ова и тетка ми Олга не издржа, шмркна и со салфетката пред неа исто така си ги избриша очите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Повеќе