супстанција ж.

супстанција (ж.)

И немаше крај на радоста на Чанга кога од една книга откри дека козата во Индија е симбол на основната праисконска супстанција – пракрити и мајка на светот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Постојат супстанции кои го поништуваат дејството на хероинот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Малолетниците секако би можеле да дојдат полесно до дрога, иако постои основен интерес да им се укаже заштита сè до моментот кога ќе станат правно одговорни да решат дали ќе ги користат опасните супстанции.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во најголем број случаи се меша со прилично нештетни супстанции, иако повремено се наоѓаат и доста токсични материи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дури и повеќе, државата и понатаму би ги затворала оние што одредени супстанции им продаваат на купувачите кои сакаат да ги купат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Историја: Екстази се прави од МДМА природна суптанција која се наоѓа во одредени оревчести плодови на малајското дрво и во масло од сасафрас.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Холанд покажува како јазовите и стапиците отворени од овој атомистички индивидуализам создаваат внатрешни проблеми на кохеренција коишто се нерешливи во тие рамки (пр., Локовото некохерентно објаснување на супстанцијата, проблемот на солипсизмот, итн.) како и дека ги исклучуваат жените и го легитимираат ова исклучување на суптилни а понекогаш и на несуптилни начини.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ме засмејуваше секој вид хумор поврзан со марихуаната, иако во тоа време разговорите за таа корисна супстанција беа во обратна пропорција со можноста истата да се набави.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Супстанциите што се продаваат би биле посигурни, со тоа што би се вовеле стандарди во поглед на квантитетот и квалитетот, произведувачите би биле одговорни во случај на нечистотија на производот, а и информациите во врска со влијанието на различните видови дрога по здравјето на човекот и неј­зиното мешање со други дроги би станале широко достапни.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Еден копрофаг бара чинија, се посерува во неа и го изедува своето гомно, извикувајќи: „Ммммм, ова е мојата богата супстанција“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ако сакаме да се однесуваме со нив на објективен начин, би се создале два проблема: ограничен пристап на психоделичните супстанции и отсутност на лингвистичка теорија, за да можеме искуствата и да ги изразиме.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сигурноста во сопственото постоење, изразена во ставот „бидејќи мислам, Јас знам дека постојам или имам дух, односно душа“, ќе го доведе Декарт до остра дистинкција помеѓу духот како мислечка супстанција и телото како протеæна супстанција.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Израз на знакот на писмото е физичката супстанција со чија помош се реализира визуелната репрезентација на знакот, без оглед дали станува збор за цртеж, геометриски знак или сложена фигура.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа болест се вика распад на хрватскиот ум - распад внатре во самата супстанција на хрватската интелектуалност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ние сме денес останати во светот да ја браниме трајната супстанција на комунизмот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Всушност, проблемот „однос ’дух-тело’“ сугерира дека постои нешто како дух во смисла на нематеријална супстанција, која на некој начин е поврзана со телото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Имаше во просторот една обновувачка супстанција која вечнееше и во која Татко и Лозински сигурно откриваа заедничка татковина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој создава нови супстанции, храна за идните генерации...
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Кај некои луѓе Јас е кревка супстанција нагризната од киселината на постоењето. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кај некои луѓе Јас е кревка супстанција нагризната од киселината на постоењето, и таму каде што нагризувањето е најсилно, се отвора една поинаква стварност. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Повеќе