суптилност (ж.)
Двосмисленоста, парадоксалноста, суптилноста, духовитата остроумност - брзо исчезнуваат.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Тоа беше врв на суптилноста: свесно да предизвикаш несовесност, а потоа, уште еднаш, да станеш несвесен за чинот на хипнозата што самиот штотуку си го извршил.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И ќе се случи овој исклучителен човек и оваа исклучителна жена да имаат син меѓу нивните деца, кој ќе може да го почувствува и да го пренесе со толку голема суптилност и длабочина овој речиси сакрален простор што тие успеале да го создадат среде силните немири на животот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Оваа девојка е и надворешно, по своето држење, нивни типичен претставител: таа е убаво сосредоточена и кога ѝ се обраќаат, укажувајќи на некоја суптилност во сликата, таа сериозно и со разбирање
потврдува со глава.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Професорите на Сорбона биле восхитени што имале можност да се сретнат со монах што може да влезе во расправа со нив, со ученост и суптилност еднакви на нивните а дури и повеќе од тоа.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Не се обидувај да ги наречеш „недоразбирања“ очигледните недостатоци на образование, ниту да го оправдаш со „личен стил“ отсуството на минимална суптилност.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)