суштествено (прил.)
Стамболов е активен учесник во присоединувањето на Источна Румелија (против волјата на Русија), успешно ја заврши и Српско-бугарската војна (1885), но за нас е важно дека беше и еден од главните идеолози и организатори на комитетите „Единство” што суштествено придонесоа за разгромувањето на Кресненското македонско востание.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Истовремено, во грчкото писмо суштествено се реформира старосемитскиот систем на писмо, затоа што воведувањето на посебни знаци за вокали го претвора старосемитското консонантно- силабичко писмо во, конкретно, алфабет, кога секој графички симбол означува одделна фонема.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
За прототип во создавањето на готскиот алфабет е земено грчкото унцијално писмо, што неспорно се покажува во нацртот на готските букви и во суштествено грчкиот распоред на знаците во алфабетот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
4.
Стрвна спирала
Штом премногу претскажуваш
стрвна астрална спирало
милост имај за трпеливите
за лифчињата на душата
врз коишто го истураш штедро
твоето мастило
моровата моќ, индигото
од тебе зависи дописот со небесата
ритамот и римата, или и ти
не можеш ништо
кога густината се ретчи
комплексите малаксуваат
согласјата се упростуваат -
само Отецот сам самцат стихува
сушноста – сушта суштина
суштествено суштествува
всушност, меѓу четири ѕида стисната
слободата ѕирка, се ѕвери
нагоре, а таму (уууууууууууу)
сѐ се движи во обратна насока
гледано одоздола
ааааааааааааааааа:
или времето оди наназад
или човекот е свртен наопаку
опак Закону, злорад Реду
приказание, Име имаш ли?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Само што ќе го наслушнете
внатрешниот Глас
алхемијата на домот
веднаш тргнувате
ни риби, ни змии
на далечен пат, само вам знајниот
Млечен пат од слатки и солени води
на деноноќни бесони патешествија
во кои го составувате
едниот крај на светот со другиот
па повеќе не е јасно дали егзилот е траума
или радост на преселбите
да се биде
и таму, и ваму
од светот да се направи меѓусвет
секогаш да недостасува нешто суштествено
од едно и едно да се направат три
носталгијата да биде дискретна смисла
на опстанокот
која ревидира сѐ и повторно ги дефинира
и селидбите, и враќањата
и татковината, и туѓината!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
(напати ти се привидуваат
пештерните манастири околу
Белото, лихт луминозно езеро
- она понасевер од Делфи
и од Костур -
светилиште само по себе
облиено со внатрешен сјај
од белки на монахинка
среде коишто, во драматичен контраст
се вовира зеницата, духовниот рез);
- многу мислиш, а малку искажуваш
јазикот за тебе поскоро е молвење
од разговор, сѐ е ВНАТРЕ
и ти, и Тој, и исказанието
и дослухот меѓу вас
и предметот дури се вовлекува
во тој, невидлив за другите, Круг;
- и повеќе не правиш разлика
меѓу искреноста и вистината
со денови се повлекуваш во себе
секнуваш, понираш, остинуваш
стаписан, онемен, оти си согледал:
не е лесно да се биде искрен!;
- и повеќе не е битно дали нешто
те повикува без престан
да му припаднеш, сестро Варваро
или просто посакуваш
од дното на душата
од нејзината небесна бездна
да постоиш блажено
во согласје со себеси
и навистина повеќе ништо
друго не е суштествено
освен:
да ја бараш сопствената сенка
сѐ додека не си соѕидаш самица
а во неа си - Лице без сенка:
м-о-н-а-х!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Но, предвидена е и изречна одредба кандидатот да го извести работодавачот за болестите или други околности кои можат, било како, да го оневозможат или суштествено да го ограничат при извршувањето на обврските на договорот или, пак, можат да го загрозат животот или здравјето на лицата со кои при извршувањето на своите обврски доаѓа во контакт (чл. 26, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Кога податоците на вештаците за нивниот наод не се сложуваат суштествено, или ако наодот на еден или на повеќе вештаци е нејасен, нецелосен или во противречност самиот со себеси или со испитаните околности, а тие недостатоци не можат да се отстранат со повторно сослушување на вештаците, судот може да определи супер вештачење... (чл. 246, ст.2sq од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Па така, повеќе лица можат со една тужба да тужат, односно да бидат тужени [т.н. „сопарничари“], ако: 1) во поглед на предметот на спорот се во правна заедница или ако нивните права, односно обврски произлегуваат од ист фактички и правен основ; 2) предмет на спорот се барања односно обврски од ист вид што се засноваат врз суштествено истовиден фактички и правен основ иако постои стварна и месна надлежност на истиот суд за секое барање и за секој тужен и 3) тоа е определено со друг закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)