сценарио ср.

сценарио (ср.)

Има напишано и две сценарија за документарни филмови и тоа „Бараме леб“ и „Штрајкот на велешките гимназисти“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа значи скицирање на алтернативна иднина и сценарио за политичка акција кое може да нѐ одведе од сегашноста кон таа иднина.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Бидејќи за хипертекстот е карактеристичен спојот меѓу текстуалниот, визуелниот, кинетичкиот и аудио елемент, во ваквите креативни игри беа вклучени: графички елементи, било цртани било оние што веќе се дадени во софтверот; промени на фонтовите биле користени да ги обележат различните гласови или гласовни елементи; користени се и посилно осветлени зборови, симболи и знаци над редот, маргиналии, мапи на пределите или мапи на патувањата; употребувани се и документи што не се типични за „онаа“ литература (статистички графикони, статии од весници, филмски сценарија, фотографии, бејзбол- карти, одредници од речници, омоти од рок- плочи, астролошки предвидувања, медицински и полициски извештаи...)
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тој пресврт го означи текстот Зошто социолози?: ќор-сокакот на знаењето, вртоглавицата на незнаењето (то ест, во ист момент, апсурдност и невозможност да се акумулира некоја вредност во рамките на знаењето), се движи како некое апсолутно оружје против самата власт, за да ја урне сообразно на идентичното вртоглаво сценарио на отстапување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Затоа современата левица чувствува недостаток од таква партија и сценарио какво што го покриваше тврдењето на Маркс и Енгелс дека нивната мисла е повеќе „научна“ од „утописка“ - повеќе гласот на реалноста одошто на фантазијата.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тавел, не пишуваше класични сценарија, туку смислуваше ситуации кои ќе предизвикаат инцидент, односно предтекст којшто на протагонистите ќе им даде само­доверба и истовремено простор за импровизација.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сценариото веќе беше напишано, и јас едноставно го земав и го снимив.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кога се пишува сценарио за филм, неопходно е јасно да се одвојат „елементите на дијалогот” од „визуелните елементи”, и, кога е тоа можно, да се даде предност на визуелното над дијалогот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Филмот има малку сцени и крајна рафинираност; тој е модел за правење на сценарија.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Имено, Валери Соланис, чие сценарио наречено S.C.U.M. Manifesto Ворхол одбил да го филмува, се обидела да го убие, сметајќи дека нејзиното сценарио заслужува да биде снимено.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Еднаш донесе сценарио во Фектори и ми даде да го прочитам - се викаше Up Your Ass.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но постои мала група луѓе кои на бивша Југославија гледаат како на потенцијално сценарио што може да се повтори во останатиот дел на светот, особено во Русија и Европа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се снима филм според едно негово сценарио. 1969.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Гледајте - или остатокот од животот ќе го минете како лошо платен статист во туѓ нискобуџетен црно-бел документарец, или ќе станете продуцент на својот сопствен филм. Ќе го режирате, ќе напишете сценарио, ќе поделите улоги, ќе одберете место за снимање на најголемиот реалистичен филм било кога направен“.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Помислив дека започнува да се одвива варијантата на негативното сценарио на моето враќање во Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Многу ѝ се допаѓаат твоите сценарија, а „Гризли Адамс“ е нејзин најомилен филм на сите времиња.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Режисерот, врз елементите на понуденото „сценарио“ на домаќините, односно посета со цел да се избере драма за Албанската драма во Скопје, по повод 100 – годишнината од раѓањето на Сталин од театарскиот репертоар на Албанија, имаше посебно место во делегацијата, но на тоа не обрнуваше посебно внимание.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќето луѓе можат да го протолкуваат проектот без да упаднат во овие или-или сценарија.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но и овој дел од сценариото беше јасен.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа беше еден од оние сонови кои, задржувајќи го карактеристичното сценарио на сонот, претставуваат продолжение на интелектуалниот живот на сонувачот и во кој тој станува свесен за факти и за идеи кои изгледаат нови и вредни и откако ќе се разбуди.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе