табиет (м.)

САВЕТКА: Така де. Јас сум една жена проста, никаде неизлозена, и што се вели зборот: сестра сум ти, и пак не ти го бендисувам табиетот твој запеслија.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Нејсе, ако се толку магариња, и попот, и Илко да не дадат нишчо, алав нека им е табиетот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Заедно на вода, на река; по орото заедно си седеа и многу си ги бендисаа табиетите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По овие зборови Веле го повиши гласот: - Сега сакам да знам дали е во мене грешката или во вас, старите мајстори, во вашиот табиет, да не сакате да дадете и на друг да се развива и да оди напред...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тетка Фора го запробра огнот во огништето и зацрцори умилно како што ѝ беше табиетот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
(Види, види, брату, убава невеста.) Толе влезе во селото, го најде Бешот кој се изненади на неговата смелост и дрскост, но познавајќи му го убаво табиетот, ништо не му советува или препорача кога му рече Толе дека тука ќе зимува зимава: — Сега ти си знајш, брат Толе!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но како никогаш и никоја не стигнуваше да биде прва, имаа такви, лоши, табиети да се извикуваат и во групи, по две или по три, одеа на вода а таму, на чешмата, или на бунарот, ги оставаа садовите, за да им држат ред, и се враќаа дома си.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Му го познавав добро табиетот, и знаев дека нема да се откаже; во еден миг, веќе зажалив што повторно се сретнав со него, и реков: „Добро. Но само четврт час“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од сите вери и од сите табиети. Со многу јазици и многу имиња.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во листата, меѓу другите, се најдоа и зборовите: арам, муфлуз, резил, тамаќар, башибозук, шашма, далавера, алашвериш, ќелепур-софра, џева, беља, гениш, курназ, маскара, едепсаз, марифет, сафра, рушфет, џамбаз, суртук, мамлаз, чалам, табиет, чаре, јаваш, ајде, таксират, тарапана, ујдурма, усул, чешит, џабе, џган, џумбус, батакчија, бадијала, зулум, налет, угурсуз, шерет, гајле, гајрет, грбал, душман, далавера, дереџе,зандана, зијан, ифрит, калауз, курбан, курназ, маскара, мамлаз, намќор....
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Имено, неговиот табиет, односно карактер, веќе се беше оформил во темперамент - буен, немирен, нескротлив, понекогаш неразбирлив или несфатлив.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој ме познава мене, ми го знае табиетот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Помина време, и Божиќ помина, и паричето во погачата, и амкањето јајце, и фрлањето на крстот во Вардар, па дојде и Велигден, а Костадинка, Коца, бидејќи беше на прагот да излезе, се понадева ибн Бајко дека нешто стравот како ќе биде тоа излегување пред порти, а нешто и радоста, ќе го сменат табиетот на Тодора.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Како телевизиски новинар - почетник се обидува во нив да препознае трпелив соговорник и добар табиет.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ние не се ашкаме по кафеани по плажи и на други места Ние си го вардиме сопствениот еукалиптус и ништо повеќе Но и по табиет не сме дрдорливи и претпочитаме да си молчиме
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
И сѐ што се случува на тоа патешествие низ животот секој со сопствениот к’смет и табиет е непознато, симболи, пораки и вистини на непроговорени јазици, само времето ќе ја открие нивната цел, ќе одживееме и ќе отпловиме некаде во вечноста, во утробата на универзумот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Парата драстично го менува човекот но не го менува табиетот на волкот нешто малодушно те оддава од внатре да покаже дека си ѓубре од човек
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
А има орди со терсене табиети, како што на секое ветробранско стакло на автомобилите има птичја гнаска.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
знаеше дека пламените јазици нема да му лизнат во гордоста ниту во гумираното платно на параглајдерот, ама не знаеше дека мигум може да му се стутка платното и да се урниса како приказната за прометеј (кај се видело бронзен параглајдерист) кому никогаш нема да му се разјасни кој ѓавол го довлечка во скопје а нема да му се разјасни ни табиетот на македонците од секој оган да прават големи пожари.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Не рекол народот без причина: Секој човек со својот табиет? дополни Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе