табла ж.
табланет м.

табла (ж.)

На самиот камен стои фурка, а покрај него табла полна со пластови. Време квечерина.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Во осветлениот излог, нареден со лозови и стотки, лежеше табла со златни букви - и ти можеш да станеш милионер.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се изми надве-натри, покасна и уште предвреме си го зеде сакулето со таблата и букварот и излезе од дома.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Седи по цели недели и месеци без работа, игра папски, дама, пишува писма; некои занаетчии наплетоа кошници и табли од врбите и им ја собраа сета сланина на витолишките баби и невеста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Возбуден, тој сербез му ја фрли уздата од коњот на зачудениот анџија, кој играше табла со еден турски заптија пред анот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Понатаму се сопна во искорубена табла.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Џемал-ага нервозно ги фрли пуловите, ја тресна таблата, неговиот партнер уплашено трепна и ја одметна главата како да одбегнуваше удар в лице.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Салепџијата, со калаисаниот ѓум во едната рака, а во другата со таблата со шарени филџани, викаше: - Ајде, ајде, салеп! Тазе, тазе салеп!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Од таблата се креваше лека пара. Тоа викаше: - Симиди, Симиди! Топли симиди!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На таблата напиша: „Збогум, драги мои. Заминувам за вечно... Заминувам зашто немам повеќе за што да живеам...“ Го најдоа удавен во езерото. ...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Мораше да се потрчува за да се затопли човек додека гледа во таблите, во многубројните табли, поставени на перониоте на кои е испишан возниот ред, на кои патниците го бараа „својот“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сите овие процеси се управуваат преку централни командни табли поставени во котелните објекти. Затоа во овој огромен комбинат, кога тој ќе биде наполно завршен, ќе работат само 700 работници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На електронската табла, која е поделена на 186 полиња, истакната на највисоко место, се следи движењето на вредноста на понудените акции за тој ден.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Јас си збирам сливи, претурам од кошница в табла, а тој седи и го накрева шишето, го отпразнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си зема сливи од таблата и си мези со ракијата. а таа пуста слива е блиску до патот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нешто ми стои на главата како тепсија со жежок зелник, како табла со топли лебови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тука се тагува, се жали, се трча зад камионите двапати дневно, се плаче, а ако некој рече нешто што не чини, а никој денес не знае што чини и што не чини, тогаш на огласна табла како што го направиле редот: контра, луд, арамија, плашливец, неранимајко...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Стопаните на Имотот, возрасните, беа собрани на чардакот, гледаше на запад, во сонцето; мажите редеа некакви дрвца, различни фигури, на ишарана табла, а жените везеа на ѓерѓев, додека децата нивни растрчуваа низ дворот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Фигурите тропаат, судирајќи се – коњот со кралицата, топот со пионот, во испрекинатиот од по црно-белата табла.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Кикотот на јатото црни пиони, што меѓусебно се скокоткаат гледајќи во кралицата со надуениот мев, ме бутка кон најистурениот агол на таблата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Повеќе