таму (прил.)
А словенски таму немаше, та заради тоа словенските букви не се букви од Бога.
„За буквите“
од Црноризец Храбар
(1754)
Светлината сончева одвај приѕирнува таму.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Ти брзаш,мој сине,да земеш венец од лаври во крајот на блаженства,кај што не се знае болка и време, каде што таму, во рајот, од приказни можеш да сретнеш задоволства толку ...
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Сред ливада, таму, и татко, и син ќе се сретат; таткото сина ќе гушне.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
А знаат ли Бугарите оти во тоа време кога тие го имаат во Петроград еден Станчев, Србите го имаат таму еден Пашиќ, 78 или еден Груиќ79 или еден Новаковиќ? 80 Овие дипломати последователно се или во Петроград или во Стамбул; и на едното и на другото место тие остануваат по неколку години со ред.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Таму, т.е. на Косово Поле рекол господ да си ја загубиме царштината за казна затоа што не сме ја чувале верата чиста.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
21. Во своето списание “Вардар (1905) Мисирков го изменува редот на појавувањето на теориите за народноста на Македонците: таму пишува, дека најпрвин се оформила бугарската, после грчката и најназад српската.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Слушате ли? Слушате ли? А јас не сум таму! Задоцнив!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Каде мало и големо, каде машко и женско, таму и јас!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
МАНОИЛ: И ти Темјано. Оди во спалната! Таму ме чекај. Не ми е ништо…
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
КОСТАДИН: Дали чорбаџи Јордан ќе чуе таму, во туѓина?
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Да го суредиш! Ене ти го Уредот. Тој е за работници. Што не го носиш таму?
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Виде ли? Така пари се печалат! Овде два, онде три, ваму десет, таму педесет гроша - ете ти сермија!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
А таму, бре, ракија, бре туршија, бре татлија, бре нешто ветво, бре нешто ново, сѐ што ти душа сака!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ДЕПА: Ти не ѝ се мешај на жената, сака од куќи да му рече со здравје. Таму ќе биде повторно.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
СОФРЕ: Зборот, шура, кај ќе го носиш таму оди.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Гангстерите таму од дома ги земаат богатите со автомобил и, ако не им дадеш колку ќе ти преценат, ќе им ги земат главите.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
2. Таму горе на небото зора руди, земја буди, ден морави шири крила и алова точи свила, таму зора црвенее - мое срце ми црнее.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
И оди почесто, особено да се напивуваш таму кафе за да ми е куќата отворена.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
БАБА АНЧА: Е де. А пак јас ја имав намирисано работата и си реков со умов „ако не можеш за ваму, нека биде за таму“.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)