тег (м.)
Ми тежи ко тег, ко темелје, и не знам дали е моја.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ногата уште ја држам обесена на тегови, ама можам да гледам што се прави.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Добро се држеше благодарејќи им на физичките вежби, на теговите, боздоганите, вратилата, тремплините... што ги применуваше редовно и особено пред доручек, во задниот дел на дуќанот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Пинончели (Pinoncelli) во Неапол 1974 г. беше фрлен в море во зашиена вреќа со тегови, а во еден свој друг проект тој нападна банка 20 okno.mk вооружан со скратена пушка наполнета со маневарска муниција.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Шампион е во дигање тегови, шампион е во возење мотор, а и апсолвент на молекуларна биологија.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Лобо: Појака е од тебе. Дига тегови, боксира, џогира секојдневно.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Неговиот поглед падна врз парченцата од скршениот стаклен тег за хартија. „Соберете го тоа“, рече отсечно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Винстон не ја купи сликата. Таа ќе беше уште понекорисен имот отколку стаклениот тег за хартија и беше неможно да се однесе дома без да се извади од рамката.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Нешто како стаклениот тег за хартија, или полузаборавените стихови на г. Черингтон, нешто што му припаѓаше на исчезнатото, романтично минато, на старите времиња - како што ги нарекуваше во своите тајни размислувања.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Порано, во еднопартискиот систем, просторијата на кооперацијата си беше секогаш иста, истиот продавач, Тоде Нунко, истите шишиња зејтин, истата сол, истата пипер за в очи, истото сточно, ако го имаше, истите наполитанки “јадро“, истите поличиња, истата паланѕа со истите тегови, сѐ урамнотежено и сите присутни урамнотежени и мирни, секој во себе со прстот на чело, што ќе каже и колку треба да каже, за да се заслужи еден живот што се живее.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ѕвечкањето на пушката, која преку неговото рамо се допираше до редениците во ритамот на неговиот чекор, беше сосема поинакво од ѕвечкањето на металот кога ги редеше теговите на шипките во теретаната.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Е, таа беше добро подготвена за трката- живот Трајанка беше тракт, тег, потег, влечење на нештото напред, простирање по должина.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Го краде оловото од глупавите статии во весниците и прави тегови што им ги продава на пазарџиите.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
- Секој ден има да се раѓаат клонирани деца кои на 3 години ќе дигаат тегови од 150 кила, ќе тепаат диви свињи со голи раце, а на 9 години ќе маваат по литар Балантајн.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Тој се дал на вежбање со тегови, додека доблерот за мерење притисок му е закачен како поштарско торбиче, прави склекови со „Космодиск“ на грбот и малиот дел закачен на ’рбетот кој изгледа шашаво, но е делотворен.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)