темел (м.)

Но и неа бесно огнооки змејови страшни силно ја тресат од темел и куќата, најпосле, паѓа, а купишта прашни станаа гробови неми . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Проговори... И целата покуќнина од темел ја претури од силен јад.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
За да биде градбата здрава, треба темелот да ѝ биде убав.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Победата на Француската револуција убедливо ја покажа трошноста на сето феудално општество, за кое порано непрестајно се тврдело дека е вечно и незаменливо, а таа исто така од темел ги разниша сите оние учења што претставуваа во овој или оној вид идеологија на феудалниот поредок.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Гале и Раде исто така го напуштиле своето живеалиште и прешле преку Црна, та едниот ги удрил темелите на сегашното село Галишча, а другиот — на Радобил кои, ете, биле крстени на нивните имиња.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така: Вите се заселил во оваа котловинка и ги удрил темелите на сегашното Витолишча; по неговото име го добила името и самата населба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секој поодделно ќе работи на копањето темели, мешање вар и песок, подавањето и помагањето на мајсторите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пред тоа, кога се качуваше по камените столбови на жолтата трикатница искитена над темелот од детски креди со смешни глави и забранети зборови, се чудеше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Под неговиот темел водата зашлапка. негде далеку, како капнати пеперуги, тихо, низ сон, умираа звуци на гитара.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
До пролет кадијата го прати Суљо-ага со педесетина сејмени и овој го опљачка и изгоре до темел малото селце Лисиче, кое веќе не се обнови.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Вечерва удираме в темел. Наеднаш длетото отскокнува од некаков метален предмет.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тука има само една единствена мечта: да стигне под темелите на одвратниот молох што го крие злото во својот железен стомак.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Со нашите десет глави.. . Нашите глави се полни со експлозив. Ќе ти ставиме во темелите на ова насилничко царство!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„А што му знаеш каде ќе го опне сега, може многу лесно и на нашине темели“, - шепна некој.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Траеше денови и ноќи, денови и ноќи, а некој постојано трчаше и ги прескокнуваше темелите, се препкаше и паѓаше во нив, барајќи го, како некој изгубен дел од облеката, она свое насмеано и широко место, својот чекор, постојано крвав и палците и по колениците, постојано крвав на лактовите, истоштен, со последните сили, како човек, кој еве, за малку, за една трошка, што не дошол на дофат на нешто, што одамна го гони, и кој што ги прави последните напори за да го достаса, да го прескокне, и така, постојано, сето време додека нивното градилиште се престоруваше во едно проколнато место, од кое чиниш сите сакаа што побргу да се витосаат и да се мавнат, во едно чумаво место, во една болна арена, по која што умираа, крварејќи, и лавот, и гладијаторот, кадешто им солзат очите на сите мајстори, бидејќи веќе сите добро знаеја дека она си беше отидено, дека црвениот лав на сонцето беше веќе бесповратно папсан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој се влеваше во дебелата бука, забиена во темелот на горниот ѕид на пиланата како огромен лост, со горниот дел повисок од покривот, исто како некој шумски џин да сакал со тој лост да ја откорне и да ја преврти ничкум нивната пилана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Николески е автор на стихозбирката „Македонче“, објавена 1946 година со која беа поставени темелите на современата македонска литература за најмладите.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во некое такво злодоба и се зачнало колибарењето, во некое такво време и е ставен темелот на Бојановата колиба, за повеќе векови единствено човечко свратилиште, единствено топло огниште на десетина километри наоколу.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Каурите се спремаат да ја уриваат нашата царштина од темел па чекај ги и кај тебе некоја ноќ и приварди се да не те најдат на спиење и да те испечат жив во конакот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И ако темелите се подлабоки, што не верувам, ќе дупиме натака дури да удриме на него — на ѓеризот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе