тен (м.)

јас гледам дека сум болна- мојот испокршен лик - промените од огледалото ме ужаснуваат - сѐ на мене е непостојано - изразот - погледот - обликот на усните - сјајноста на косата- мекоста на тенот-
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ти може не слушна, но јас чув.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Тоа, тоа! – како никогаш пред тоа се израдуваа Ескимите откако Дедо Мраз голотијата и новиот тен им го обнови во топла, шарена облека. – Само тоа и ништо друго!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Можеби сум братот на Вок, но Вок не сум.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Го гледав тоа толку блиско лице, нејзиниот постојано бел тен, како бавно помодрува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За годините, здра­вјето ѝ беше крепко, го одржуваше успешно свежиот бел тен на лицето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Беше со среден раст и имаше широки рамена, беше компактно граден, лицето му беше широко, а косата и тенот на кожата му беа посветли од оние на Даниел.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Рози имаше нежни црти, чист и мазен тен и висока и грациозна става.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Навистина, мајка ми имаше многу убави бели раце, а таков ѝ беше и тенот многу бел, што, за жал, јас не го наследив, а го наследи Наташа... . . .
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Со убав бел тен. Насмеан. Истовремено и зачуден. Изненаден. Збунет.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Срамежливата убавина на закосените очи. Бело-жолтеникавиот тен на кожата на источничките дами.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Имаше сини очи, прилично тажни. Беличок тен, месести образи.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тенот веќе задоволуваше, почнав да наликувам на црнка, само уште ми фалеше хип-хоп забава.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)