терапевт (м.)
Ова уште повеќе доаѓа до израз, ако терапевтот ги вклучува клиентите во разговор за причините што некои од идеите кои се јавуваат за време на интервјуто ги интересираат повеќе од некои други идеи.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Низ дијалог, терапевтот и Џон заедно ја идентификуваа „способноста за шегување на сопствена сметка“ како нова димензија во личниот развој на Џон која би му отворила нови хоризонти, недостапни за татко му.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тие можат да се опишат како услов на “транспарентност” во терапискиот систем, и тој е дел од контекстот во кој индивидуите се поспособни да одлучат, самите за себе, како ќе ги примат реакциите на терапевтот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Како што шаманот може да понуди пејотл (дрога), така терапевтот може да ги понуди фармаколошките плодови на биомедицинската наука за да го промени телото, за тоа да може да каже поинаква приказна со која ќе може да живее.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Терапевтот ја запрашал Лена, „Кои се значајните настани од вашиот живот кои се поврзани со „Тој всушност не ме познава?“
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Терапевтите можат да ја минираат идејата дека тие имаат привилегиран пристап до вистината со давање поддршка на индивидуите во обидот за разбирање.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)