тероризира (несв.)
Доколку се работи за поинтелигентни или пак дури и ингениозни умови, водите на софистицираниот криминал ги водат до некои повитални точки на системот но - каков парадокс -наместо овие Робин Худови и Џеси Џејмсови да се прифатат кон уништување на виталните точки, тие бидуваат асимилирани од истите и веќе ги гледате овие умни криминалци како ревносно му служат на системот и спремни се да тероризираат уште повеќе од моделите на нивниот младешки гнев, моделите против кои и тргнале по патот на тероризмот...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Додека други го живеат животот Јас го теоретизирам Го оградувам Го тероризирам Се препнувам од него Го канонизирам Го филтрирам и проучувам Го анализирам А потоа нестигнувајќи никаде До никакво откритие и заклучок Го синтетизирам За да можат утре Моите деца Да го почнат овој процес одново Кутрите тие! 2007
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Ќе нема терористички акции, ниту пак војни оти кој би сакал да тероризира или да војува со оној што го разбира.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)