тиран (м.)

Планинскиот живот е пеколен, браќа, и борба да водиш со тиранот — тешко, но блазе му којшто без зазор се враќа, до крајот да води сражение жешко.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
А тирани в радост жешка прославуат денот прв, што со туѓа крв јунашка стасале си земен врв. ***
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
А тиран – крвник – пустија со страшен глас му извика...
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Па што е живот и поглед стрелен ако не борба за народ мил: во дните тешки да бидеш верен, да развееш смрт над тиран гнил.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
На ѕверски маки тиранот ги клава, но нема ништо тој да узнае.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Велиш, не трпнува твоето око пред тиранот, па затоа се мислиш слободен.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се роди меѓу робје и тирани и ги презре и робјето и тираните.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Кај ви се рацете? Земете ги пушките, секирите, вилите и удрете на тираните! - заврши Гоце Делчев.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Значи, уметникот е шизофреник кој со едното око и едниот дел од душата ги рециклира идеите на мудрецот, а со другото око и другата душа ги следи и испитува делувањата на масите и тираните.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Да сведочи за трауматските епизоди на лузерската индивидуа, за игнорантските стампеда на масите, за виртуалните триумфи на тираните, за голготата на хуманистите или луцидноста на мудреците?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Нека се знае од сите: македонското ослободување е можно само тогаш кога самото население, густата народна маса, ќе стане на нозе, ќе отвори очи и ќе си ги засука ракавите за да ја исчисти својата земја од мали и големи тирани, господари и господарчиња, самата со својата сопствена нога да го бутне овој изгниен труп каков што е султановата држава16.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Има уште многу страници да се прочитаат од есејот за Школата на тираните, да се провери нивната трајна актуелност во малата тиранија која ја замислуваше и не ја оствари Хабиб Бургиба...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ми се наложуваат нови прашања за кои мислителот има одговори: А народот? Каква е неговата улога во историјата? Дали тој ги слави и создава тираните? Каква е улогата на мислителите или историчарите?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)