топлификација (ж.)
Поради ова, синдикатот во битолската топлификација, имајќи ја предвид новонастанатата ситуација, во декември 2007, одржува состанок на кој го разгледува предлогот на „Топлификација“ АД – Скопје за уредување на статусот на вработените, и донесува одлука во која јасно истакнува дека тој предлог ќе го прифатат само под следните таксативно наведени услови: 1) исплата на платата за месец септември, најдоцна до 25.12.2007; 2) од парите собрани од наплатата приоритет да имаат исплатите на придонесите и платите; 3) претседателот на синдикатот да има увид во изводот од банка, 230 со цел да не се вршат други плаќања сѐ додека не се исполнат обврските со плати и придонеси кон сите вработени; 4) исплатата на отпремнината да биде во склад со ЗРО (2005) и да се исплати до денот на престанувањето на работниот однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, со централна одлука на матичната фирма АД „Топлификација“ – Скопје, на Надзорниот одбор на „Топлификација Битола“, му е наложено на седница да предложи мерки со кои на вработените ќе им се запира од платата т.н. „стимулативен дел“ – позитивен или негативен стимул, во зависност од тоа каква била наплатата од корисниците на услугите на друштвото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)