топло (прил.)

Но откако дојдовте вие, деца – живна малку тој и во очите му светна нешто топло – голема надеж ни ја огреа душата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Нежно, мајчински топло, народниот певец пее за Косоварката Милева падната вo борбите за Македонија: „Ај Милево другарице, те ранија на Распаќе, Од Распаќе до болница патот крви се полеа.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Ванчо Николески е поет кој е роден на село, живее на село, работи како учител во многу наши села и како син на нашето село, тој во своите творби најмногу го одразува нашето село, пишувајќи за него топло и непосредно.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Тој меко го извиваше својот ѕвонлив глас, топло, занесено, со притаена тага.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И брзо, неповрзано и нејасно ги заплетка зборовите прскајќи нѐ со ситни капки: - Сум ја чувала, и сум ја гледала, и сум ја ранела осумнаесет години, проклета да е, и сум бдеела ангелски над неа, а таа - ни благослов да побара од мене, се фатила кучката со некој пијаница, и ајде без збогум, како да нема мајка, а јас овде од грижи се сушам, не зела ништо топло со себе, може да настине, чедо мајкино, тој не ќе ја чува, пак мајка ќе побара, а јас...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не земјата, времето беше република на безделните - она топло, неподвижно, дембелско лето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Некои паѓаат од коњите, други ги дигаат и сами пијани, но благодарејќи на убавото суво и топло време, немаше опасност ни од кал ни од простуда.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Летото започна рано. Уште на 11 мај веќе беше топло, а на Петрови пости и сам Петровден горештината фати на големо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Претчувствуваа шурка топло млеко и се зарадуваа кога таа легна крај нив.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Соблечете се голи И облечете го дрвјево Долу, во оваа црна утроба, топло е.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Дванаесет години работи Веле со Аргир и за сето тоа време тој не го чул ни еднаш него да заговори вака топло, човечки.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Топло ли ти е кесето - за ништо не бери гајле... - постојано ги учеше Карче синовите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Митко го зема ниското столче и се наместува зад печката, до ѕидот. Тука е топло и пријатно.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Зајачето си отиде дома. Сега сигурно си лежи во своето топло легало и сонува пролетни соништа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Во собата е топло. Мајка им добро ја запалила печката пред да излезе и таа сега гори со боботење.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Арсо шепнува и топло удира неговиот здив во увото на Ана.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Смеата имаше нешто толку топло и скокоткаво во себе, што тој само по малку, кога го сети допирот на јазичето на тоа ѓаволесто срнче на својата дланка, веќе не можеше да издржи да не го погледне и да не му се насмее гласно на тоа ситно, скокоткаво ливотче, со кое можеше и така да се шегува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Насекаде наоколу беше топло, а тој прошепна - Доста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше таа една негова добра жена, беше за неа секогаш нешто топло и пријутено, што го чекаше во нивната куќичка на крајот од селото, што ќе продолжеше да го чека сè додека не си дојде тој.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пролет е. Априлското сонце мило и топло грее и ги милува луѓето по лицата...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Повеќе