торбе (ср.)
Изутрината уште рано, кај петли време, дедот Петко стана, си го запали луленцето, си ја зеде торбичката со едно залавче лебец и ластегарката ѝ тргнаа за Витолишча.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И така Доста нема шо да зема. Нека си врзе плачкуринките во некое торбиче, и утре, невестата Менка ќе ѝ жугне, и ајде горе Попова Ливада ! ...
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Најпосле и Велигден дојде. Дедот поп Трајко неколкупати излева ноќеска да види што коа е и таман Деницата се јави над Српјановец, си ја зеде торбичката со алатите и пукарачукара, дојде во црквата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Или ќе си го остави торбето со лебот на некое дрво, а тие ќе му го скријат и тој цел ден гладен.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Тенката ортома, - испокината од оскудната светлина се опнува како жица и торбичињата се упатуваа кон белузлавиот круг на излезот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Свитканите како копачка раце ја пренесуваат во мали платнени торбичиња.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Земјата се сурива, калливите прсти ја гребат, торбичките се полнат и ортомата е пак нишка, оптегната меѓу нив и онаа бела виделина на излезот што единствено потсетува на животот и неговиот ден.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Мажите, што го носеа мртовецот, се менуваа постојано, а тој, Змејко, со торбичката со читанката и со таблицата преку рамо ги притискаше со раката кондилите и моливите да не тропкаат внатре и мислеше на тагата, мислеше на жалоста, ја носеше врзана во еден цврст јазел во грлото, го раскинуваше и него и му го сопенаше здивот, но мислеше како ли расчешнува таа кога оној, што го носат мажите, е твојот татко, да е скраја и далеку.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Зарошкав низ торбето, ги истурив книгите, но моливот го немаше.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Што е, синко! - се огласи мајка му од куќата. - Дај ми го торбичето со леб!
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Ви благодарам... Земете си ги торбињата.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Во торбичево имаш и солца. Пак да ми донесеш дрва.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Тале го изнесе Дорча. Од едната страна на самарот му го обесија празното тенеќе од млекото, а од другата торбичето, во кое беше шишето со бензин.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Сакате ли? - Сакаме! Урааа! Ихуу! - почнавме да скокаме и да ги фрламе торбињата нагоре.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Па така, неизмиен, со парче сув леб во торбичката, нешто за себе, нешто за да го мами телето ако го пронајде, со главичка кромид и неколку зелени пиперки, тргна да ги обиколува ридиштата и доловите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Итар е Влаот, - рече Методија. - Паметиш како дојде во селото само со торбе в раце.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Овчарот се изгуби, момчето што го донесе извештајот за амнестијата си ја нарами торбичката и си киниса, ветувајќи им на војводите дека нема да ги предаде на аскерот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ќе ставеше во торбичката леб и вода, и штом трубата ќе писнеше за спиење, тој низ жиците се протинаше и лазеше низ тревата како дождалец додека се оддалечеше од касарната, и спраштуваше да го нема.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Да потпораснеш, да се напласти снег повисок од твојот бој, утринум рано со бадник и со торбуле да чукнеш на вратата на дета ти, тетка ти, да ги затечеш покрај огниште, да им бакнеш рака, да те благословат; нешто потоа, како во сон да видиш една огромна смрзната река во која се фрла крстот и по него се фрлаат и неколкумина за да и на овие свои години пак да не можеш да сфатиш дека сето тоа било една обична рекичка, мал јаз, еден поп и еден огромен крст и молитви што се издигаат до небесата...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Еден летен ден, јавајќи кон планината, коњот нешто ми се потплаши, се разрипа и од торбето ми испадна лебот.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)