торнадо (ср.)
Дождот престана. Беше тоа како... како сред филм за лавина, торнадо, ураган, вулканска ерупција... како нешто најнапред да се расипало на уредите за звук, придушувајќи и конечно исклучувајќи ја сета бучава, сите експлозии и громогласни ечења и грмотевици, а тогаш како некој да го истргнал филмот од проекторот и наместо него да ставил дијапозитив со мирен тропски предел, што не се менуваше ниту трепереше.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Живеевме во вистинско торнадо.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Во тоа време Лабрис доби извесни шанси да се инкарнира во прекрасна дебела книга, но нескротливиот темперамент и стравичниот вербален торнадо на господинот Вулкански во една вечер во Александар плац (темна и дождлива вечер) ги уништи шансите на тој хипотетички проект.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Нацртав и едно торнадо, па седнав пак да пишувам.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ниедно од нив не сакаше да пишува букви. Сите ги сакаа ураганчињата и торнадата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Тогаш Александар влета во собата како торнадо.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)