тревога (ж.)
Долг, пискав сигнал за тревога. Звук, танок како жица, проткаен од прстите до врелите слепоочници. Добро.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Во него ѕвони тревога, тој не знае удира ли по неговото чело како слепа птица крикот на болот или болниот е нем и бесчувствителен за неговата химна.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Надворешниот човек, за првпат дојден во гратчето, ќе се изненади од толкава тревога.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тревогата неусетно му го полни срцето со порив да се покаже, да се истакне, да го видат и чујат еднаш и него. Трубачот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Глигора наеднаш го зафати страв за Арса. Со тревога го следеше трепнувањето на вената.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Без да покажат и најмала тревога, гостите се запатија кон Тодоровата куќа, која сега не беше на крајот, како дедо Волчевата, туку токму на сретсело.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Предвечер стана една мала тревога во штабот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ти ни го одредуваш патот на зрачните надевања дека е побогат и еден убав потез со раката насочена во вистинско место од сета залудна тревога што дните ни ги исполнува.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Кризата за слатка вода, според тврдењето на бугарските експерти, отпочнува да се чувствува и во Бугарија, моментно не во толку остра форма, но сепак е даден знак за тревога.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
...затоа овие текстови настанати колку што е можно повеќе во процесот на сопственото ослободување од дистанцата ги чувствувам како разоткривање на мојот пат кон новата проза па ја молам почитуваната редакција да ги прифати како мој предлог во поттикнувачката дискусија што започна да се води на страниците од вашето значајно литерарно гласило... искрено свој, зошто ги сакам кроки цртежите или како да се претрча тревогата од разделбите ...сочноста на зрелиот плод впиена во белината на хотелските соби сокот од нутрината излиен попатно танц фигури во постелината во воздухот допира против вечноста летот на недопуштената цигара кон езерото жарот и водата во неподносливоста куса и жешка средба...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Откако ниту со орелот (зад најодалечениот облак), ниту со рибата голтната во најдлабоките води) не успеа да му измолкне на принцезиниот поглед, момчето потполно ги заборави и престолот и кралството, а помислата на принцезата го исполнуваше единствено со ужасна тревога.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
9. Наеднаш почна тревога. Само што ме поведоа на сослушување и почна.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се кренала вистинска тревога во центарот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во телефонските линии се мешаше звукот на сирената за воздушна тревога со името на козметичката дребулија што треба да ѝ се прати, козметиката е страшно скапа, една крема за лице е четвртина од мојата пензија, зборуваше мајка ми и плачеше малку од страв, малку од пониженост, малку од возбуденост.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ете! Сега е тревогата за последните десет минути!“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Подобро се сеќаваше на ненормалните неспокојни околности од тоа време: на повремените тревоги поради воздушните напади и на криењето во ходниците на подземната железница, на купиштата урнатини на сите страни, на неразбирливите прогласи излепени по уличните агли, на бандите млади луѓе сите во кошули со иста боја, на огромните редици пред фурните, на повремените престрелки со автоматски пушки во далечината - над сѐ, на фактот дека никогаш немаше доволно храна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тоа што го разбрав беше дека луѓево навистина имале причина за тревога.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Мислам оти згрешив кога не се нафатив да ги разгонам овие облаци од неговата глава бидејќи токму таквите темни тревоги го поттикнаа она што наскоро се случи со него.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Брзина на светлината
- Cour carré -
Како што затвореник излегува на прошетка
под надзор, сам и молкум
да се насладува горко
на дневната светлост
инаку обична, тогаш света;
како што несвесното си го подава грбот
на есенското сонце
да се згрее
а лицето да остане темно, како Месечина
од онаа страна на видливото;
како што затрупаниот бунар
посесивно и со мака
ги чува подземните води
усовршувајќи ја мајсторијата
да ги заташкува трагите
и да создава привид
на секнат извор;
како што квадратот е круг, и крст
и триаголник, удвоен симетрично и синхронично;
како што жената си краде од сонот
за да добие време
за да биде „нешто повеќе";
како што нема добивка ако нема загуба
како што нема сенка ако нема предмет ;
како што медитацијата бара отсутност
при подотворена свест за светот
и душа
а енергијата е материја помножена
со брзината на светлината на квадрат
- така дворот врамен со ѕидини желно
кон небото над Лувр зинува
се простира префинето како акт на Роден
или можеби на сестра му, Камила
со намера да го покаже
замислениот ерос на торзото
видено одзади
метатеза на тихоста
манастирска и метрополска;
- така стихијно надоаѓа тихиот дожд
желбата да бидам во средиштето
на симетријата бесконечен и рамнодушен број
ослободена од суета, од неразумно самољубие
зашеметена од ненадејната рамнотежа
на крстот, на квадратот, на кругот
и да се успокојам, ако веќе морам
оти со толку тревоги од различно потекло
добивам порив да излезам од себеси
а потоа како ќе се сложам и составам
во едно, знам ли?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Погледнувајќи го така стражарот, Пискулиев можеше да заклучи дека неговото лице не издава ништо
грозно, ништо што би влевало во човека особено тревога, ами напротив, иако строго, што е во моментов сосем разбирливо, тоа изразува извесна мерка на правичност, а од тоа повеќе на Пискулиева ништо и не му треба.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)