тревче (ср.)
Берела суви тревчиња по трапиштата и селскине врбјаци.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Таа му рекла: „Не крадам од никого. Овие тревчиња се селски и на сите.“
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
„Не ме интересира. Повеќе да не те видам!“ - ѝ ги зел тревчињата и ѝ ги расфрлил.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Едни крши тревчиња, други реди за да преврне. Па не би час преврна.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Нашите девојки потсеќаа на нешто најчисто, најубаво, на цвеќенце што расцутува, на нежно, тенко тревче што се вее на благиот пролетен ветар, потсеќаа на сѐ добро што може да посака срцето.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)