тумба (ж.)
Близу пол саат што одел, и кога дошол до една тумбичка, се качил на неа и чул од луѓе зборови; арно ама ништо не разбирал од тие зборови, така му се чуло, како кога да кљакаат штркови.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Се сонуваше како еден од тие волци, скиташе по снежната шума и се задржуваше на секоја повисока тумба, ја исправаше главата кон ѕвездите и завиваше.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Навртоа на чешмата „Студена“ под самата тумба Маргара и ги најдоа „распашани“ сите војводи, одмараат по добриот ручек и заморен ноќешен пат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но токму кога требаше да се врзе синџирот на преслопта; згрмеа пушките од Ивановиќ и Цилета од „Касматоа Тумба“, која по неговото предвидување остана надвор од обрачот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Војводите со своите четници пак се искачија на високата, со гора обрастена, тумба — „Становица".
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И лазам низ пругорно, низ прудолно, низ тумбиња, низ длапчиња.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Некогаш, кога ќе ни препадне време, ќе се качиме на некоја тумба и ќе гледаме во градините, во природата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Веќе се најгоре, на самото теме на тумбата и токму помислува Пелагија дека тука на оваа највисока точка дедо Костадин заслужува да биде закопан, кога поворката запира пред веќе ископан гроб, а од средината на селото се огласува големата камбана.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Најпосле Друже Србине сфаќа дека старецот не ќе го закопуваат во длапката од другата страна на тумбата, туку на самото теме, на највисоката точка од сиот синор.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Се сеќаваше на долгите попладниња што ги минуваше со други деца претурајќи по контејнерите и по купиштата смет, пребирајќи лисја од зелка, лушпи од компири, понекогаш дури и суви корки леб од кои потоа внимателно ја гребеа нечистотијата; и чекајќи да поминат камионите што одеа по одредени маршрути, за кои се знаеше дека превезуваа сточна храна и од кои, кога ќе потскокнеа на тумбите од патот, понекогаш испаѓаше по некое парче маслена погача за стока.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Значи самата ќе мора да го надополнува писмото а и да најде охрабрување за бабата Петра, не ќе може туку така да ѝ каже дека го преселиле на тумбата кај гробиштата да им биде стражар.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Забележувам дека светлината која во лето, кога е силна, ги изедначува преслапите на планината таму пред мене, сега, пролетта, кога е поблага, ги истакнува горните делови, врвовите и тумбите, и гледам дека ги има многу, дека не е еден гребен и еден преслап, туку повеќе гребени и повеќе преслапи, дека јас сум далеку, зафатен со расплеткување на пајажината што ја сплел големиот пајак на времето.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Дури и ако сакав не знам дали ќе можев тој нејзин избор, тумбата, да го потхранувам со некои други значења?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Беше веќе време - здивна таа кога се качивме на височинката. А потоа прошета по тумбата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дури и оние поединци кои можат да имаат разбирање за ваков вид желби, каква што беше желбата на мајка ми, при изборот на тумбата за гробно место, зар можат да го сфатат начинот на кој беше искажана пораката?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Горе, на тумбата врз селото, крај запалена свеќа, на главата од мајката Дора, го здогледува замисленото лице на убавата учителка за која внучињата на баба Петра велеа дека ја чувствуваат како мајка.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Селото беше на тумба, а куќата на цуцка, така што не само сонцето и мразот туку и сите ветришта ги вееја од сите страни.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
„Вака ќе направите“, им рече тој и откако се принамести во столот продолжи: „Дали сите добро го гледате оној хил, врвот на онаа тумба што личи на газер од јајце, под планината, како го викавте!...“
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)