убиствено (прил.)
Дотраеноста на куќата како да му ја зголеми измореноста: точи во него млако, беспомошно сознание за една видлива, опиплива и убиствено присутна непостојаност.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
„Да плачиме жалоите, јас моите, ти твоите...“ Продолжуваше отегнато, убиствено песната.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Но секогаш неговиот изострен слух ги фаќаше одгласите од стапките на стражарот како длабок пулс во молчаливоста на овој убиствено осамен свет.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Но, веќе истиот момент, како на успорен филм, на човековото лице љубопитноста се замени со гроза и раката убиствено ја зграпчи патерицата...
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Како и патот на дружината: по секоја нагорнина им помагале на ослабените ѕевгари со бутање, тешко и убиствено, двоколка по двоколка искачувајќи преку дупки и камења.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)