увезува (несв.)
Од друга страна, пак, од европските земји започнал да се увезува шпиритус, што се мешал со ракија, и така се добивал евтин пијалок што силно ѝ конкурирал на природната ракија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во земјата се увезуваа италијански стоки, мода, се градеа патишта.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Така наместо да увезуваме за 1000 евра од УСА, каде што е општо познато дека голем дел од нацијата се дебили, ние би можеле да извезуваме и да постигнеме дури и трговски суфицит.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Во весникот Вечер на насловна страница излезе текст со наслов „Македонија увезувала сперма по цена од 1000 евра” па оваа тема ми даде за повод да дадам една идеја која оди во спротивност со онаа на државата да ја увезува таа течност која живот значи.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Да имаш афион на грбот, а да забрануеш негово одгледуење и да увезуеш од Авганистан беше најголема иронија.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Можеби е точно дека Бугарија ќе најде пазари за своите производи само во Централна Европа, но додека во светот се врати слободата на меѓународната трговија, Бугарија ќе има потреба да увезува стоки од прекуморските земји.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Барутот, како што веќе нагласив продолжи Татко не бил балканска измислица, туку најчесто е увезуван, но детонаторите за неговото активирање најчесто биле и зад балканските граници, во центрите на странската моќ.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но за потребите на дворот и високите достоинственици ќе се увезува оригиналниот кинески порцелан, којшто денес може да се види изложен во просториите на некогашната царска кујна на дворецот Топкапи сарај во Цариград.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)