уверлив (прид.)
Во тој поглед на првиот дел од „Нова Пасквелија“ би можеле да му се стават примедби за пренаглености во оценките, недоволно уверливи проекции на некои состојби, но и такви тие се дел од една визија на деформациите на селото што поради нејзината внатрешна логика и хомогеност мораме да ја почитуваме.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Целта на вежбата: да се создаде уверлив лик, служејќи се не само со духот, туку и со елементите на свесното и несвесното.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Доколку имаат намера сериозно да се позанимаваат со проблемот на наркоманијата, Соединетите Држави треба да ја надминат расправата за легализација која во прилична мера тапка во место, и да формулираат една уверлива, политички реална борба против наркоманијата, во која правосудниот систем би бил подобро насочен, иако неговата улога би била намалена. 75
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Фаик Коница со уверливи аргументи, достојно ја бранеше еволуцијата на природните јазици стари со илјади години, имајќи го предвид својот мајчин јазик.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
А ни орлите не се уверливи, ни најмалку, ни за момент. 126 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Не откривајќи излез за својата утописка замисла, уверливи модели во човекот и неговата историја, тој се препушти во времето на фашизмот и сталинизмот, да трага по спасоносниот пат на јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Бургиба, откако го рече ова со уверлив глас, му се обрати на својот министер: - Задржете го тој човек во Тунис.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сите имаат уверлив изговор: треба да се врви натаму.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Татко, поттикнат од уверливото кажување на Камилски за револуцијата и јазиците, размислуваше еден ден, сепак, да се врати на својот напуштен проект за Историјата на Балканот низ падот на империите, добивајќи нови уверувања дека војната создава широко лингвистичко движење во времињата и просторите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)