угледа (св.)
Угледувајќи се на своите водачи и први луѓе — на поповите и даскалите, — и селаните тргнаа по тој пат, по патот на омраза и одмазда.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Овие тројца во сѐ се угледуваа на пчелите и мравките, постојано учеа и си помагаа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Е, синовите, тоа со жалење го доверуваше на блиски пријатели, не се угледаа на неговите добродетели.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А кажете ми го тоа машко што не побрзало да се угледа на родениот татко.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Европските писатели кои ѝ припаѓаат на модерната книжевност се инспирираат и се угледуваат на Едгар Алан По.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)