угоден (прид.)
Ме поврзуваат со угодни и сериозни предмети; можеби ме прима некоја куќа по којашто копнеат, можеби парче дрво за штавење што некогаш го вкусиле.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
И потем собранието бесчесно донесе заклучоци: да се чека сега, да не се чини ништо неразумно; со отец Кирил да се постапува благо и притворно, да не насети тој лоша мисла или дело кај дванаесеттемина; сите со насмевка блага да го поздравуваме и чест висока да му чиниме; да се чека, потем, време погодно, и при прва прилика угодна за ѓаволот, да се наклевети кај логотетот или царот до толку што да биде прогонет од дворецот, што подалеку од записот во источната и умножението на записот, од западната одаја.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А јас знаев дека Лествичникот, едноокиот, зборови такви угодни пред логотетот кажа затоа што знаеше дека со еден удар две муви убива: прво, логотетот се смилостивуваше пред „понизната“ душа на Лествичникот, и наклонет му стануваше за собитијата идни, и второ, Лествичникот добро знаеше какво сподобие грозно во одајата има, од рака моја пуштено, низ клучалницата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во малите пошти животот бил угоден, му пишувала Аксја.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тргнал човекот на пат што му се причинил примамлив и угоден.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)