упорно прил.
упорност ж.

упорно (прил.)

111. Со тоа се сврши шумот во Србија и Србите фатија да работат тихо и упорно: пропагандата помина од патриотското друштво во рацете на Министерството за надворешни работи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
24. Проучувањето на архивската документација и тогашниот дневен и периодичен печат наполно ја потврдува Мисирковата мисла: на ТМОРО во странство и се даваше главно “бугарска” боја, иако поголемиот дел од македонските раководители упорно се трудеа да го оспорат тоа. 25.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Хр.Шалдев, кој заради бугарската стипендија се откажа од ова членство и стана верен агент на бугарскиот егзарх, а истовремено упорно и смислено го клеветеше Мисиркова, дури и пред ЦК на ТМОРО во Солун – поради неговиот критички однос спрема изведбата на тие акции.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Чуј – настојуваше Мече упорно – кажи кај ќе одиш?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Бегалците упорно чекореа напред, по прашниот друм, не смалувајќи ја никако брзината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Упорно настојувам да се убедам дека еден од петте големи прсти е неподвижен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Дико тоа чекаше. Се правеше неизмолив и упорно повторуваше дека Бошко ќе треба да си плати за грешката додека најпосле не рече оти тој сака да му помогне, ама еве не може.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Упорно суриваа надолу кон орманот посрамено и без зор.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Бев зафатен; ја следев својата сенка, тој проклет дух, што се влечеше по разједената калдрма, упорно, пред мене и зад мене.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ја пропушти крај себе таа што немаше зрела ’рж во косите и ме поведе кон постелата уште топла од долга навика бавно и упорно да се милува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Еден млак небесен сноп го убиваше со упорно настојување да го обраби со разводнет метал неговото ниско, испупчено чело.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Упорно брчеа муви, упорно беше здодевно и запарно.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Човекот со рапавото лице седеше отспроти и упорно го стрелкаше со поглед Глигора кој се готвеше да си легне.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Темнината бегаше од нивното упорно движење, се згуснуваше, пак бегаше, влечејќи ги своите искинати поли.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И упорно и дрско го гледаше човекот со рапаво лице чиишто најадрени и тркалезни очи блескаа сурово, набабрените усни на јужњак се оптегнуваа во покровителствен смев.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој само зави малку посилно, за'ржа, насетувајќи го сето она, што можеше да му се случи, но тој и го стори сето тоа сепак упорно продолжувајќи да останува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога ќе се гледаше во тоа лице, секогаш се имаше некаков впечаток како на него да недостасува нешто, некој свиок на некоја брчка или некаква длабочина, или можеби некаква цврстина, што би го собрала него во една целина, која што продолжува упорно да недостасува и колку да се мачеше човек да ја бара на тоа лице, загледан во него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но тој веќе беше свикнат да го раздробува тој бес во своите мускули, секја утрина повторно упорно и повторно лудечки загазувајќи во длабокиот снег и цепејќи го неговото море со своите чекори во по неколку бесмислени круга околу пиланата и враќајќи се од таму секогаш полн со една безумна насмевка во своите очи, тоа беше само оној, големиот Ристан, дојден во него, секоја утрина повторно извлечен од заборавот, како првпат сретнат, збеснет и див.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тетка Анѓа долго се врткаше во училиштето и упорно се бореше со немаштијата и гладот, штедејќи го брашненцето за подолги и потешки денови; чичко Петре постојано ѝ помагаше, ѝ се наоѓаше за што било и ја утешуваше дека и ова еден ден ќе помине и ќе дојде време убаво и среќно.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но Бојан упорно ја одбиваше мислата за волците, која со истата упорност одново му се враќаше в глава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе