уредно (прил.)
И така, наша Весна е дежурна. А тоа ќе рече дека станува рано, дека убаво се мие, се облекува, си ги чисти чевлите, јаде брзо и уредно и трча в училиште.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Дури ноќта, несоницата со цвилежот на запалената кучка те тера да ги протеруваш нечесните демони од себе, да се тресеш од лазењето на инсектите по жилите, да завиваш под јорганот, додека на стотина метри од твојот кревет, гледачите пред провинцискиот театар, уредно наредени во семејни кругови, чекаат да ги подадат билетите за вечерашната премиера.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Му купуваат остар кујнски нож, уредно плаќаат на касата, шегобијски му намигаат.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
На некоја party ми приоѓа уредно избричен маж, вртејќи чашка во раката.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Мажите во бели кошули, во одела, вратоврски, уредно избричени и исчешлани, жените во костуми, во чевли со високи потпетици, со уредни фризури.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Многу од нив со lunch-пакети, со конзерви уредно спакувани во кафеави хартиени вреќички, седат или стојат, го завршуваат својот lunch, остатоците уредно ги оставаат во кантите за отпадоци.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се работи за грешка (за мене сѐ уште непојмлива), од страна на издавачот „Независна музичка работилница - Трот рекордс“ кој успеа, наместо композицијата што посебно ја изработив за оваа цел, да стави концертна матрица за истата песна иако таа веќе беше уредно префрлена на посебен ДАТ (од страна на издавачот) и беше повеќе пати емитувана на 103. Margina #21 [1995] | okno.mk 83
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Моите цртежи секогаш беа уредно средени.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Одоздола имаше неколку уредно наредени книжни пакетчиња.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Го спакува куферот, меѓу уредно наредените кошули и пантолони, ја смести кутијата локум, старовремска, сас слика на источњачки дворац, око чији стубови се пењев ружи, подарок за љубезната секретарка на Студентскиот дом. И замина.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Работите во куферот ми се уредно и внимателно спастрени, а врз нив лежи папката со рефератот што треба да го прочитам.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
На авторот местово му се виде доста чисто и уредно.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Но овој пат злокобата не беше усно известие што патува бавно од уво до уво, туку уредно отчукан лист хартија, со печат и со потпис.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Од вратата удолу се спуштаа стрмни скали, на чие дно нашите чевли стоеја уредно наредени.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
БОРИС: Мислам на пошироката хигиена. Во оваа земја има да биде чисто и уредно.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Чисто, уредно средено и насмеани службеници.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
За контекстот на целата ситуација, се чини битно е да се спомене податокот дека телефонскиот број на Авдиќ и неговата нова адреса на живеење им беа познати на фабричкото раководство бидејќи истите беа уредно пријавени во правната служба, но – според неговите зборови – очигледно е дека нивната единствена цел била да го отпуштат од работа, и тоа заради неговата блискост до „гарнитурата“ на претходниот директор кој, пак, беше од друга политичка партија, иако Авдиќ не е член на ниту една партија. 102
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, кога тужениот, во одговорот на тужбата, не го оспорил тужбеното барање, или нема да дојде на подготвителното рочиште до неговото заклучување, или на првото рочиште за главната расправа ако подготвително рочиште не е одржано или ако дојде на овие рочишта, но не сака да се впушти во расправање или се отстрани од рочиштето, а не го оспори тужбеното барање – ќе се донесе пресуда со која се усвојува тужбеното барање, ако се исполнети следниве услови, т.е. ако: 1) тужениот бил уредно повикан; 2) тужителот предложи донесување на пресуда поради изостанок; 3) тужениот одговорот на тужба или со друг поднесок не го оспорил тужбеното барање; 4) основаноста на тужбеното барање произлегува од фактите наведени во тужбата; 5) фактите врз кои се заснова тужбеното барање не се во спротивност со доказите што самиот тужител ги поднел или со факти што се општопознати и 6) не постојат општопознати околности од кои произлегува дека тужениот го спречиле оправдани причини да дојде на рочиштето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако тужениот не поднесе одговор на тужбата во определениот рок, судот ќе донесе пресуда со која го усвојува тужбеното барање [т.н. пресуда поради неподнесување на одговор на тужба], но само ако бидат исполнети следниве услови: 1) на тужениот тужбата и поканата за давање одговор на тужба му биле уредно доставени; 2) основаноста на тужбеното барање произлегува од фактите наведени во тужбата; 3) фактите врз кои се заснова тужбеното барање не се во спротивност со доказите кои тужителот ги поднел или со 294 општопознатите факти и 4) не постојат општопознати околности од кои произлегува дека тужениот од оправдани причини бил спречен да поднесе одговор на тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Веднаш ми стана јасно дека мајка ми мора да ја има таа книга во својата библиотека која уредно ја збогатуваше.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)