урнатина (ж.)
Последните зборови на оптужницата се движат по мојата невидлива врвица но слаби се и се распаѓаат на нејасни слогови чија смрт се вика тишина на невините простори во кои сум побрз од времето; за сите што се далеку од мене моите часови се нивни години, утре ќе сум врсник со нивните внуци што ќе клечат пред мене и ќе бараат прошка за гревовите и подмолноста на глутницата - таа полека станува пепел под урнатината на храмот во кој ме судеа, ме осудија на смрт и станаа смрт дури и по својата смрт.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Се згрчи зад куп тули и остана неподвижен и самиот како дел од сивите урнатини, безобличен на круговите на џебните светилки, за подвижните светкави дамки зад него.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тоа ја зголеми мојата мака: уште еден мил спомен стоеше пред мене во урнатини...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Секој миг се очекува да насрне пеколот, а после - се знае: ќе се сневиди сѐ она што со векови се создавало, ќе замириса воздухот на пепел и јаглен, а по малку ќе останат само урнатини, поцрнети и голи, што нема ќе сведочат за доживеаниот ужас.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Тоа страшно што ги снајде жителите од нашиот град беше толку многу присутно насекаде наоколу... во нерасчистените урнатини, во луѓето облечени во црно, во изразите на лицата...
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Едноставно чувствував со целото свое битие и сега, дека не би можело да биде поинаку, па макар и двете да останевме под урнатините на куќата.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Ништо не беше во состојба да не залечи: ниту цутовите по дрвјата крај урнатите куќи, или празни места од расчистени урнатини, ниту птиците со нивните оживеани песни.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Огништето му е изгаснато, Јачмен не врзува на неговата нива, Добиток пасе горчливи билки Меѓу урнатините на напуштениот дом.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Сиот шут се собирал на едно место и така израснал ридот, денес озеленет, кој по ништо не потсетува дека е создаден од урнатините на градот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Шетаат низ урнатините и водичот им покажува и објаснува: „Ова е главниот плоштад - Форум, ова се киповите на Јупитер, Јунона и Минерва; овдека се остатоците од храмот на Аполо, овде пазарот, градските бањи, а ваму крај брегот на рекава, театрите и големиот амфитеатар на кој присуствувале и по дваесет и пет илјади гледачи за да ги гледаат борбите на гладијаторите; на оваа страна имало убави куќи и вили меѓу кои се истакнувала вилата на Цицерон; по должината на оваа улица биле крчмите во кои се пиело и веселело...“
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Имено, на бреговите на долот и во урнатините на Градиште, богомилите, кои науката, зашто смета дека потекнуваат од планината Бабуна, прилепско, ги препознава уште и како Бабуни, во времето на цар Самоил, тука засновале своја населба.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Разгледувајќи ги урнатините, Богуле наеднаш ги забележува во нив татка си и мајка си каде што лежат мртви.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Црквата, од којашто останал уште само еден полупрстен од куполата, колку за да ги премостува урнатините зарастени во трње, капини, глогови и диви рози, но чиј под, поплочен, порано беше редовно чист, е свето место.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И заспа, втонувајќи во мачен сон: минува со автобусот низ селото, но селото го нема: избувнал вулканот и го смачкал; се гледаат само урнатини од куќите; овде-онде се гледаат јагленосани луѓе останати во онаа положба во која се нашле кога избувнал вулканот: едни легнати в постела, други седнати, трети расфрлани по дворовите и сокаците како што бегале; добитокот исто така: јагленосан; јагленосани и дрвјата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Којзнае колку пати викнав меѓу запалените урнатини на Гревена.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Стипцосаната земја, над која пловат зачаденост и црни испарувања на тага, ја ора усвитено железо и ја јалови оган, по нејзините врвици и библиски беспатици јаваат на коњски костури апокалиптични рицари - чумата, поморот, алчноста, бесот:коњските узди се густ сплет на змии, здивот на јавачите е сув ветар од кој и коренот на кровот се суши; зад нив останува трага: дрвени крстови, плочи со камени чалми, несобрани трупишта, урнатини.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Некои урнатини, обраснато камење, оброчиште и еден темен напев што се издига во залезот: три жолти цветови, наведнати над каменот, секое нивно потреперување – некој потаен збор, се нишаат и се молат во летниот припек.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Пред да се стемни, виделе од далечина урнатина на кула или на манастир, костур на вчерашен живот, ред камења или спомен на иноверска одмазда или на заборавен земјотрес.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Подарениот појас под неговата бедна гуња се обвиваше избледен, по боја сличен на иловицата од урнатината.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можеби спиев. Потоа, кога ги отворив очите, ги видов ловците како се спуштаат од ридот кон кој урнатината на манастирот фрлаше коса сенка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)