установува (несв.)
Саве пипа по таблата, установува која фигура му е земена и вели ладно:
- А, баш ми е гајле, си ми го зел топот, еве има друг топ надвор, ќе го наместам него.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Со задоволство тој установува дека дијагнозата на болеста на компирот правилно ја извршил, но она што му го советуваше на стариот за густината на садењето не е сосем точно: тоа се однесува на садење со окца - за кое треба да се преземат специјални претходни мерки што стариот нема можност да ги преземе - а за садење со цели компири одговара горе-долу она растојание што тој го практикувал.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Сепак, со следната средба, таа го установува тоа во неговиот запенет поглед. Од што ѝ се гади.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)