утешен (прид.)
Но тој утешен факт е утешен само на вид.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тој факт на вид е многу утешен, зашто тој како да покажува постојанство во политиката на Бугарија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Арсо сакаше да му каже некој утешен збор, просто да се досети дека тука има човек кој ја знае неговата мака и му е близок.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Само тоа изматувено старче, никој друг да го пречека, со утешен збор да му ги спомене заслугите од минатото.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Суровата игуменија Минадора рекла со скаменето лице неколку утешни зборови и го развеала манастирското знаме со извезен лик на маченикот Никита.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ги предвидуваше скорешните настани, а ние живеевме од миговите на повремените утешни зборови.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
„Помислила дека кокаинот можеби ќе ни досади и благодарна и утешна каква што е, ни пратила нешто хероин.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Дали го рече тоа или само го погледна со топол доверлив поглед, та нему му се слушнаа тие утешни зборови што посакуваше да ги чуе...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Веруваа во фаталноста како во еден вид нивна утешна варијанта на антиисторија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тој штедеше од дневниците, а ќе добие и утешна награда, и ќе располага со доволно пари да ѝ купи убав подарок нејзе и на синот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Какви утешни зборови да се упатат на ужалените, или кој цитат да се одбере од било која света книга, за смртта на еден пајак?
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Сега првата нејзина реакција беше дека тоа било жива змија, која, се разбира, си заминала, но кога подобро го разгледа отпечатокот, што таа го направила на тревникот, пак ѝ се врати утешната помисла дека тоа било вештачка змија.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И тогаш ја виде високата фигура на Милан како се наведнува и следниот момент ги слушна неговите утешни зборови упатени кон птицата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ах, таа детска невиност! Кон светот гледав со стаклени очи, со утешен поглед и наивност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)