утревечер (прил.)
Ајде, кажи му на побратимот шо ќе му кажиш, пак он утре рано нека а намачка преку рид, утревечер пак нека дојде со абер, а ти спремај си тоа парталочките, појди му и заживеј си како човек, шо се вели лавот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Потоа се сети: утревечер ќе лутам.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
— Не арчете си фишеците, ќе ви требат за утревечер!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Својата слечена жолтокожност ја оставив висната на чивилукот во собата 43, во скопската Воена болница. (Жолтилото го задржав само во песните и во белките.) Утревечер заедно со мојот втор живот скромно ќе си ја прославам Старата Нова Година.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Сака да знае што има во тие нови таблети пред да ги пушти на улица, иако лабораториските извештаи нема да ги добие пред да мине една недела, поради што ќе го испушти главниот пазар за Екстази: утревечер, Сабота, се одржува Digital Overdose забава на која ќе дојдат 8.000 рејвери во масивниот спортски комплекс на крајот од градот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
- Од него ќе ја добиеме сликата. Биди утревечер овде.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Утревечер мајката или мажот ѝ, знаејќи дека во сопчето отспротива стои тој и ги следи во мракот, ќе ги затворат капаците и така во неговата соба веќе нема да навлегува светлината што му вдахна живот, светлината во којашто наивно уживаше, којашто беше неговата единствена радост. Меѓутоа, не беше така.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
- Пред да ми ја кажеш големата одлука, ноќеска на мира просеј ги сите свои мисли и тоа што ќе остане во ситото утревечер ќе ми го кажеш.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)