уфрли св.

уфрли (св.)

— Така што меѓу купоните уфрламе уште едни. Дупликат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Имаа уфрлено и свои доушници на власта, божем козари меѓу вистински козарите на кои им читаше и коментираше слободоумниот и храбар Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Некои ширеа гласови во Козар маало и во градот дека татко ми е уфрлен од власта во Козар маало, а останал во тајни врски со партијата, наводно за да ги следи релациите помеѓу козите и луѓето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ретки злобници потајно тврдеа дека тој бил уфрлен шпион во Козар маало, постојано соработувал со властите, а сега сите ги оставил на цедило!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ритмично уфрлам pop-corn во уста и ненаситно го голтам своето четиво: тука можам да дознаам дека Elvis Presley е жив, за тоа впрочем, сведочи жупникот Sam Beatty; дознавам дека Gary Cormier изградил подморница во својата гаража; дека Claude Marquezy, ограбувач на банки убиен пред неколку години, и понатаму ограбува како дух оставајќи им ги своите отпечатоци на немоќните полицајци; дознавам за мртвите домашни галеници кои се враќаат дома како духови;
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Напред, во трк!“ Деветмината луѓе брзо ги уфрлија во ракетата златните бомби полни со културите од смртоносни болести.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Едноставно ќе ги спакува своите работи, можеби дури ни тоа, по ѓаволите со тоа, можеби само ќе се облече во облека за излегување, ќе ги закопча копчињата затвори дрикерите повлече патентите и ќе ги остави клучевите во кутијата за експрес чекирање, тоа е за нив, всушност, господинот и госпоѓата Платено Однапред, или дури ни тоа, ќе го уфрли клучот во кое било патемно поштенско сандаче, повратната поштарина е загарантирана, по ѓаволите со тоа, време е да се тргне.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Зборува за банда на хипнотизери кои го фатиле и во главата му уфрлиле лоши мисли.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Пораки, понуди за женидба, 50.000 толари, ѓубре, костени, запалка, стари влезници, пари од различни земји, телефонски картици, начнати чоколади, бонбони, фотографии, телефонски броеви, веќе франкирани писма, очигледно уфрлени од луѓе коишто ги помешале поштенските сандачиња со оние белите.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Димитар Керамичиев, Спасе Аврамовски, Кицо Нушков, клас поназад, си дозволија, преку дворот на ресторанот, од едно џепче во кое гледаше едно прозорче од задното крило на гимназијата, да ни уфрлат рачна бомба додека раководството на активот држеше состанок.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Додека ја кастри оградата, додека собира лисје по дворот или плеви меѓу цвеќињата, тогаш нему меѓувремено му паѓа на памет некоја измена во некоја реченица, нешто инаку да го каже, некоја нова реченица да уфрли, да додаде, реченица со којашто ќе продолжи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пелагија каснува од слаткото што мириса на дуња, на дом, на сигурност, сака и таа да се уфрли меѓу зборовите на тетката, ама нема место за нејзините зборови, не може да направи простор во нејзината реденица оти таа ги стиска зборовите еден до друг, смислата одвај да допира до свеста на Пелагија, само негде длабоко во срцето веќе знае дека не само што нашла засолниште, туку како да ја нашла тетка Евдокија од Прилеп, односно како да оживеала нивната мајка, нејзината и на Добра, одонде, од зад границата, па наслутувајќи големи премрежиња, брза да ги откине од патот на страдањето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Моево го знаете. Лекарската одговорност е голема а платата мала! – се уфрли со своите жалопојки Љубомир. –Одговарам за човечки животи, кој може да ја плати таа одговорност?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Упатените велат дека стегнатоста всушност претставува туѓ производ злонамерно уфрлен во карактеристиките на неговиот од.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Подоцна ми ја уфрлија Ема Ендековска и оттогаш започна ново поглавје во мојата професионална кариера.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Јано! Не се прибира дома! - се уфрли Анѓа, - Како да се венчал со реката.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Уфрлете 100 евра на бројот што го гледате на дисплејот и ќе можете да го слушате мојот врел глас во следните минути“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Ма, не! - се уфрли Светлана - мислев на синот Илија нешто да му оставиме од дедовината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Сакаше Виктор на разговорот да му уфрли малку поведар тон.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)